Прилеп – домаќин на светската автомобилска и авионска индустрија!
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2014 12:11
Семинарот е причина за собир на група експерти од Русија, САД, Италија, Германија, Унгарија. Како претставници на водечките компании во авионската и автомобилската индустрија, истите во наредните неколку дена ќе дискутираат на темата, заедно со тимот научници на СКР и тимот експерти на Микросам АД.
“Гордост е да се биде организатор на овој меѓународен семинар, единствен од овој тип во државата и регионот, кој покрај врвни предавачи, нуди и практичен дел, односно демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на делови од композитни материјали. Меѓу другите композитни технологии, на семинарот ќе се демонстрираат и технологиите за автоматско полагање на влакна и лента за производство на композитни делови за авиони и сателитски структури, со кои Микросам АД ја вбројува Македонија меѓу четирите земји во светот кои ја имаат развиено оваа технологија. Токму ваквата единствена можност ја прави агендата на семинарот интересна за сите врвни научници и експерти кои ги следат актуелните трендови во областа”, велат од СКР.
Автоматско полагање влакна, автоматско полагање на лента, намотување на композити на комплексни делови, автоматско сечење на препрег, управување со машините и, прикажување на дел од производниот процес на истите, софтверски симулации, видео-демонстрации, предавања од светски високорангирани експерти во областа, споделување искуства,… се само дел од темите и активностите опфатени со агендата на семинарот, кој од денес ќе се оддржи во Прилеп, во организација на СКР, а спонзориран од Микросам АД.
Покрај опрема, на овој семинар ќе се прикажат и софтверските решенија кои Микросам АД ги нуди заедно со машините, а со кои се издигнува како еден од малкуте производители во светот кои нудат комплетни “клуч на рака” решенија за автоматско производство на делови од композитни материјали. Што се однесува до практичниот дел на семинарот - истиот ќе се изведе во лабораторијата која на едно место има in-house инсталирани машини од сите клучни технологии во индустријата за композитни материјали и нуди развој на нови технологии, дизајн на производи, прототипирање, тестирање и обука.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




