05 Декември, 2025
0.0362

Прилеп во шок, Трескавец повторно во пламен, штетите допрва ќе се утврдуваат

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013 20:46

Добивај вести на Viber

Во силниот пожар кој денеска околу 14 часот го зафати прилепскиот манастирот  Трескавец целосно изгореа конаците. Спасена е црквата Пресвета Богордицица, изградена пред 7оо години и трпезаријата, но се претпоставува дека штетите се огромни, со оглед на историската и културната вредност на објектот. Од Центарот за управување со кризи потврдија дека пожарот е под контрола, а граѓаните и противпожарните единици остануваат да дежураат во манастирот. Во 17 часот трите армиски хеликоптери се повлекоа од теренот околу манастирскиот комплекс Трескавец. Покрај нив, со огнената стихија се бореа  прилепската противпожарна единица, едно возило од битолската противпожарна единица, како и возилата од јавните претпријатија. Исто така на апелот на Центарот за управување со кризи за помош се одзвале 200 Прилепчани и жители на околните места. „Тажна е сликата на Трескавец. Првичните сознанија се дека пожарот се појавил во гостинска соба. Во моментот на избувнувањето на огнот биле само монахот и уште едно лице, а претходните денови имало и други посетители“, изјави епископот Климент. Почна мобилизација на институциите 

Поради пожарот во  Трескавец, прилепскиот градоначалникот Марјан Ристески кој го посети опожарениот објект за утре од 11 часот свикаа итна вонредна седница на Економскиот совет. За во 12 часот пак е закажана вонредна седница на Советот на општината.

И Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска попладнево пристигна во Прилеп.

„Сакам да изразам огромно жалење за овој денешен немил настан кој се случи на манастирскиот комплекс Трескавец. Изгореа конаците, но значајно е тоа што се сочуваа црквата која датира од 13. век и трпезаријата од 14 век“, министерката која вети дека итно ќе се направи план за да се обнови манастирот, а информираше и дека во моментов стручните лица од прилепскиот Завод и музеј вршат увид на лице место. „Утре ќе доставиме целокупна информација до Владата. Ќе има акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел. Веднаш ќе се изработи проект и преку надлежните институции веднаш ќе пристапиме да извршиме брза санација и реконструкција за да се вратат автентичноста и сјајот на конаците што изгореа“, изјави Канческа-Милеска. И пред 23 години, се случи истото!  До манастирот Трескавец се уште е тешко да се стигне иако неодамна е започната изградба на пат. Според Центарот за управување со кризи пожарот во 14 часот и шест минути го пријавил монахот во манастирот, но се уште не се знае како избувнал и од кои причини.Огнената стихија многу брзо почанала да се шири. Истото се случи и пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците. Благодарение на донации од цела Македониј и од дијаспората, како и на ангажираноста на локалното население, Трескавец повторно беше изграден. Трескавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата. Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв, а гледа на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

Се верува дека е изграден во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица - 28 август кога во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го прослават празникот.

Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје