Прилепска Газоза со нова природна состојка
Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2014 14:35
Уникатниот македонски безалкохолен пијалок, Прилепска Газоза ги имплементира новите производни стандарди и воведува природни бои. Последните насоки на регулативата на европските закони наложуваат во сите безалкохолни пијалаци да се користат природни бои.
Со овој чекор Прилепска Газоза го задржува истиот состав, докажаниот квалитет и препознатливиот вкус на круша, само дополнително е подобрена со воведувањето на природна боја. Прилепска пиварница е една од првите компании во Македонија во индустријата на пијалаци, која за овој тип на пијалак ги има спроведено барањата на европската регулатива за употреба на природни бои во своите производи.
„Нашата желба да ги следиме модерните трендови во индустријата на пијалаци и желбата да влијаеме позитивно на современиот начин на живот со употреба на што е можно поприродни состојки во нашите производи. Поради тоа ги исфрламе од употреба вештачките бои во еден од најпродаваните домашни безалкохолни пијалаци во Македонија, употребувајќи природна боја која дополнително ќе значи предност при купувањето на ваквиот тип на пијалаци. Искрено се надеваме дека консументите ќе го препознаат тоа и како и секогаш ќе не поддржат во нашите намери да дадеме производ кој ќе биде произведен по највисоките стандарди за квалитет препознатлив во многу држави во светот”, изјави Верица Спиркоска, бренд менаџер на Прилепска пиварница.
Прилепска Газоза е најпродаваниот домашен безалкохолен пијалак. Нејзиниот единствен и автентичен вкус е ценет и баран и на странските пазари. Газоза се извезува во околните балкански земји но исто така и во Австрија, Швајцарија, Шведска, Австралија и Соединетите Американски држави.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





