Добивај вести на Viber
Британскиот принц Чарлс и војвотката Камила, стигнаа во Црна Гора како дел од балканската турнеја.
Тие посетата на Црна Гора ја почнуваат од Цетиње, каде ќе ги дочека претседателот Филип Вујановиќ. Таму ќе се запознаат со црногорската култура и традиција.
Принцот ќе има можност да ги види најубавите христијански реликвии, фрески, да се сретне со локалните иконописци.
Воедно ќе го посетат и фестивалот на храна и пијалоци, каде ќе пробаат традиционални јадења и ќе можат да разговараат со граѓаните.
Принцот Чарлс деновиве е актуелен со неговата обиколка на повеќе балкански земји. Тој осум пати престојувал во регионот, а последен пат во 2007 година, кога со сопругата ја посетил Босна и Херцеговина. На територијата на Србија последен пат бил во 1999 година, кога го посетил и Косово.