Добивај вести на Viber
Околу 400 работници од Галеника, од вкупно 1.300, од вчера се на принуден одмор. Според информациите на српки Блиц, третина од вработените во оваа фабрика нема да работат до крај, а ќе примаат плата која ќе биде во износ од 70 отсто од досегашната заработка.
Поради намалувањето на производството, управата на Галеника привремено ја напуштиле стотина луѓе. Тие нема да с евраќаат во фабриката сигурно до крајот на ноември, а што ќе биде понатаму, ќе зависи исклучиво од приливот на пари во земунската фабрика.
Галеника вчера беше блокирана за 170 милиони динари. На крајот од септември, оваа фабрика ја блокираа осум банки. Фабриката моментално покрива шест отсто од пазарот, што е за дупло помалку од 2009 година.
Извор на весникот Блиц тврди дека судбината на Галеника ќе биде решена најдолго за месец дена. Најизвесно сценарио е банките на кои фабриката им должи околу 150 милиони евра да и го простат долгот, а останатите обврски да одат во приватизација.
Истиот извор тврди дека за Галеника постојат неколку заинтересирани компании, но дека нивниот услов е фабриката да влезе во продажба без долгови.