Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 12:58
Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница, по престрелка во скопско Батинци.
„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.
Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Како што објавија ТВ21 и 4news.mk, станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.
Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето. Објави и дека убиениот е застрелан во возило „киа“ во движење,а познати се и иницијалите на напаѓачот.
Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека случајот е пријавен во полицијата околу 10:15 часот, а се случил на влезот во селото Батинци, каде едно лице пукало во друго лице.Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот.
За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден.
На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција“, се надоврза и Министерството за одбрана.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




