18 Декември, 2025
0.0795

ПРИРАЧНИК ЗА ПРИДОНЕСИ: Кој, како, кога и колку ќе плаќа?

Објавено во: Економија 22 Декември, 2014 08:54

Добивај вести на Viber

Нова Консалтинг и Фактор од денеска до петок во неколку продолженија ќе Ви ја претставата законската рамка, вклучително со пластични примери, како од 1ви јануари ќе изгледа плаќањето на придонесите, кои како што знаете, ќе бидат зголемени на ниво близу до сегашните придонеси за вработените. Со оглед на контроверзноста што овој закон ја донесе во јавноста Нова Консалтинг изработи сериозен прирачник за начинот на кој ќе се плаќаат придонесите, со одговори на сите можни прашања и дилеми во врска со законот, кои бо моментов се присутни во јавноста. Денеска: Општи одредби, гранични суми, обврски за плаќање, обрврски за известување. [box type="success" ]Фактор мк и Нова Консалтинг: Пријатели на Вашиот бизнис![/box]

1         Промени во законската рамка

1.1        Промени во законите

1.1.1        Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Измената на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е објавена во Јули 2014, истиот е со примена од 01 Јануари, 2015. Со измените и дополнувањето на Законот се интервенира во дефинирањето на приходи кои ги остваруваат физички лица за кои се плаќа придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување,  односно се усвојува нов модел на пресметување на двата главни социјални придонеси по основ на договор за дело, вклучувајќи  и други договори со кои е предвидено надомест за исплата, и авторските договори. Приходи на кои се плаќаат задолжителни придонеси кои ги остваруваат физички лица врз основа на:
  • Договори за дело;
  • Авторски договори; и
  • Други договори со кои е предвиден надомест за извршена работа,
со кој е определен надоместок за извршената работа во нето износ повисок од износот на минималната плата утврдена со Законот за минимална плата.       Гранични износи
  • Најнизок износ на оданочиви приходи -Нето износ повисок од износот на минималната плата (од 01. Јануари, 2015 износ на минимална плата:  9590,00 денари приближно 156€);
  • Максимална основица за плаќање на придонеси за оваа категорија на обврзници изнесува шестпросечни плати по работник во РепубликаМакедонија,  податок објавен во јануари вотековната година според податоците на Државниот завод за статистика. (Во 2014 овој износ е 185.412 денари, 3015€).
Изземени од плаќање на придонеси се:
  • Корисниците на пензија според прописите на Пензиското и инвалидскотоосигурување за остварени приходи по основ на горенаведените договори; и
  • Приходи остварени над максималната основица.
Обврзници за плаќање, уплата, пресметка и известување Обврзници за  плаќање Обврзници за плаќање на социјални придонеси од 1 Јануари 2015 годинастануваат физичките лица кои ги исполнуваат следните услови:
  • остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој еопределен надоместок за извршената работа;
  • нето износот на надоместокот да е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон;
  • до колку лицата остваруваат приходи од повеќе договори, врз оваа основа, стануваат обврзници за плаќање на социјални придонеси доколку збирниот нето износ на приходите по тие договори го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.
Обврзник за пресметка и упплата
  • Правното лице исплатувач на надоместокот ќе врши пресметка и уплатана придонесите до колку износот кој гоисплаќа во нето износ е поголем од износот на минималната нето плата,
  • ФПИОМ и ФЗОМ ќе вршат пресметка на придонесите за лицата кои по повеќедоговори остваруваат приходи помалиодминималната плата, но кои во збирен износ ќе го надминат износот на минималната плата утврдена со закон. Обврзник за уплата на придонесите во овиеслучаи ќе бидат лицата сами за себе.
Обврски за известување Правното лице – исплатувач има обврска до УЈП да доставува Месечен извештај (најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за:
  • Износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор и
  • Исплатениот нето надоместок.
Формата и содржината на Месечниот извештај во двата претходни случаи ја пропишува Министерот за финансии.ж Регистрација на договорот Исплатувачот има обврска да го регистрира договорот во ФПИОМ, ФЗОМ, и Агенцијата за вработување. Глоба Предвидена е глоба од 2.000 – 3.000 ЕУР за правни лица и 500 -1.000 ЕУР за физички лица. Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за пресметка на придонесите-правно лице доколку во пропишаниот рок не го достави извештајот до Управата за јавни приходи. Глоба од 500 до 1.000 евра за обврзникот за уплата на придонесите сам за себе физичкото лице, доколку не го достави договорот задело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

1.1.2        Закон за работни односи

Измените[1] се направени со цел усогласување согласно споменатите промени. Се дефинира обврска за Работодавачот да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон, за посебните договор, во кои е определен надоместок за извршената работа во нето износ и кој износ еповисок од износот на минимална плата утврдена со закон.

1.1.3        Закон за Пензиско и Инвалидско осигурување

Со измените во Законот се дефинираат:
  • Осигуреници за задолжително пензиско и инвалидско осигурување се физички лица лица кои остваруваат приходи од извршување физичка или интелектуална работа, врз основа на договор за дело, авторски или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во нето износ повисок од износот на минимална плата утврдена со закон.
  • Начин на воспоставувањена својството на осигуреник, со поднесување на пријава за осигурување од страна на:
    • работодавачотза лицата за кои исплаќа надоместок врз основана договор за дело, авторски или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисокод износот на минимална плата утврдена со закон; или
    • физичкото лице ангажира но врз основа на договор за дело, авторскиили друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во износ повисок од износ на минималнаплата, само за себе.
  • При утврдување на пензиската основа за пресметување на висината на пензијата за лицата кои остваруваат приход врз основа на договор за дело, авторски или друг договор повисок од годишниот износ на минимална плата ќе се зема вопредвид и надоместокот кој го остваруваат по основ на договор за дело или авторскидоговор.

1.1.4        Закон за здравствено осигурување

Со дополнувањето на законот е дефинирано дека задолжително се осигурува лице кое остварува приходи од извршување физичка или интелектуална работа, врз основа на договор за дело, авторски или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа којво нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

1.1.5        Законот за вработување и осигурување во случај наневработеност

Соизмените во Законот се пропишува бришење од евиденцијата на невработени на лицатаангажирани по договор за дело или авторски договори, од причина што ќе бидат опфатени со задолжителното социјално осигурување. Имено се утврдува “Невработено лице или друго лице кое што бара работа не може да биде евидентирано во регистрите доколку има склучено договор за дело, авторски договор или друг договорза кој се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон запериодот за кој е склучен договорот”.

1.2        Други законски акти во врска со придонесите

Други законски акти, правилници или други подзакнски акти кои се однесуваат на предметната проблематика до денот на изготвувањето на овој Извештај не се излезени.

1.3        Соопштение на ФПИОМ

На својата веб страница ФПИОМна ден 3-ти Ноември, 2014 објави Соопштение во врска
  • Видови договори за кои се применуваат законските одредби од ЗПССО;
  • Договори кои не се опфатени согласно законските одредби од ЗПЗСО;
  • Задолжителни елементи на договорот;
  • Процедура за прием во осигурување;
  • Основици на осигурување; и
  • Процедура за поднесувањето на пресметките МПИН.
На денот на поднесување на овој Извештај Соопштението на ФПИОМ не е достапно на веб страната.

1.3.1        Видови договори за кои се применуваат законските одредби од ЗПЗСО

  • Договор за дело ;
  • Авторски договор; и
  • Друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа, со кои физичкото лице остварува приход кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

1.3.2        Договори кои не се опфатени согласно законските одредби и Соопштението на ФПИОМ

  • Примања на професионални спортисти (премии, трансфери),
  • Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции (избрани и именувани лица),
  • Надоместок по основ на стипендии,
  • Договори за  јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа,
  • Договор за закуп,
  • Волонтерство согласно со закон,
  • Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници,
  • Надоместок за врвни спортисти,
  • Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

1.3.3        Задолжителни елементи на Договорот

Договорите треба да ги содржат следните елементи:
  1. Предмет на Договорот;
  2. Договорни страни;
  • Датум на склучување на Договорот;
  1. Време траење на Договорот;
  2. Бруто износ на надоместокот;
  3. Превод на македонски јазик, ако е на странски јазик со овластен преведувач.

1.3.4        Прием во ФПИОМ и регистрација

Договорот треба да биде доставен во ФПИОМ од страна на:
  • ПРАВНО ЛИЦЕ - Исплатувач на приходот за договор во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, или
  • ФИЗИЧКО ЛИЦЕ -  примател на приходот, кога остварениот месечен приход по основ на склучени повеќе договори за дело, авторски договор и/или други договори кои поединечно се во износ понизок од минималната плата, а збирно го надминуваат износот на минималната плата утврдена со закон, независно од кого се остварени.
Потребни документи во ФПИОМ се:
  • Барање за прием на осигурување – го поднесува правното или физичкото лице
  • Договор (оригинал на увид и копија)
  • Копија на трансакциска сметка
  • ППријава М1/2 пополнета со податоци за осигуреникот и датум  за почеток и престанок на осигурувањето според податоците од договорот во случаи кога физичкото лице не е во работен однос/или има договор во износ повисок од минималната плата поединечно за секој договор.
ФПИОМ донесува Решение за прием во осигурување со основица за плаќање на социјалните придонеси. ФПИОМ изготвува М1/М11 за периодот наведен во Договорот, со податоци за осигуреникот и датум  за почеток и престанок на осигурувањето според податоците од договорот. ФПИОМ изготвува и доставува МПИН за пресметан придонес за пензиско и инвалидско осигурување.

1.3.5        Основица за плаќање на придонеси

Основица на осигурување на месечно ниво е бруто надоместокот утврден во договорот, поделен со периодот на времетраење на договорот. Доколку нема определено времетраење на договорот, основица за плаќање на придонесот е бруто надоместокот утврден во договорот, за секој месец поединечно, до моментот на завршување на договорот.

1.3.6        МПИН

Пресметувањето и плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за здравствено осигурување ќе се врши со поднесување на МПИН пресметки до Управата за јавни приходи. УЈП ќе обезбеди Декларација за прием и налог за плаќање ПП53. За таа цел, Управата за јавни приходи дополнително ќе објави шифри за вид на обврзник и вид на обврска, кои правните лица – исплатувачи на приходот ќе ги користат при поднесувањето на пресметките. За физичките лица кои се обврзници за уплата на придонесите сами за себе, МПИН пресметките ќе ги поднесуваат ФПИОМ и ФЗОМ за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за здравствено осигурување соодветно, при што физичките лица по преземање на МПИН пресметките од фондовите, ќе треба да извршат уплата на придонесите, по превземање на ПП53 налогот за плаќање. Фактор мк и Нова Консалтинг пријатели на Вашиот бизнис, утре:

Можни варијатни и случаи!

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје