18 Декември, 2025
0.0371

Природата на дланка со Станбениот комплекс Маврово

Објавено во: Мои пари 05 Август, 2016 14:32

Добивај вести на Viber

Во падините на планината Бистра, со поглед кон прекрасното Мавровско езеро се наоѓа Станбениот комплекс Маврово. На 1300 метри надморска височина, комплексот е впиен во планината и дише од езерскиот воздух. На само 150 метри од патеките за скијање, комплексот нуди исклучителна комоција и можност за уживање и релаксација дури и за најпребирливите. Прекрасната мавровска клима, која е погодна за посета во сите четири годишни времиња, претставува перфектно место за одмор од градската бучава и стресното секојдневие.

2

Богатството со растителен и животински свет на планината Бистра, како и пријатната клима од планинската вегетација овозможува вистински да се почувствува поврзаноста со природата. Додека пак, комплексот, со неговите внатрешни и надворешни содржини, нуди многу активности на располагање.

3

За планинарите, тука се 15те врвови повисоки од 2000 метри надморска височина на планината Бистра, чии искачувања опиваат со живописната природа и пејсажи кои го одземаат здивот. За рекреативците тука е националниот парк Маврово кој со бројните патеки е совршен за пешачење и планиски велосипедизам. Тие се со различна должина, тежина и степен на употребливост. Повеќето обележани патеки, како и патот околу Мавровското езеро се одлична можност за рекрација на вистинските љубители на велосипедизмот. За риболовците, Мавровското езеро како и сливот на реката Радика се идеални за овој спорт. Реката Радика е полна со 4 видови на краповидни риби и исто така 4 видови на пастрмки.

Во зимскиот период, Маврово важи за најубав ски центар во Македонија. Сместен во падините на Бистра, ски центарот „Заре Лазаревски“ е обиколен со високи планини и е одлично место за љубителите на зимските спортови. Ски лифтовите и жичарите даваат можност за скијање на 1255 до 1860 метри надморска височина, со потполна осветленост и озвученост што дозволува и ноќно скијање во совршени услови.

Сега, секој може да ги ужива благодетите на Маврово, поседувајќи апартман во Станбениот комплекс кој нуди 105 апартмани со квадратури од 30 до 50 метри квадратни. Цените пак, од 600 евра за метар квадратен, приватниот паркинг, ниските трошоци за одржување, како и енергетската ефикасност на самиот објект, опремен со висококвалитетни производи од Германски и домашни производители, претставува меѓу другото и исклучителна можност за финансиска добивка на идните сопственици

Инвеститор на комплексот е АД Пелагонија Гостивар, а становите се продаваат преку професионалната агенција за недвижнини Фортон, која во соработка со банките нуди одлични услови за плаќање на рати.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?