16 Декември, 2025
0.0628

Приштина не сака да го приватизира косовскиот пост телеком

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2014 19:45

Добивај вести на Viber

Косовската Влада нема да го потпише договорот со компанијата „Аксос капитал партнер“за приватизација на косовскиот пост телеком .

- Крајниот рок беше  30 декември, но поради неизгласувањето на договорот од страна на парламентот, премиерот Хашим Тачи одлучи да не се оди понатаму со овој процес, без одлука на Парламентот. Сега сите сме свесни дека Пост телеком(ПТК) ќе изгуби од вредноста, од цената. Одговороста за ова ќе ја сноси опозицијата, изјавија претставници на Владата за дел од косовските медиуми.

Поради неможноста да се обезбеди потребниот број гласови при изгласувањето на буџетот за 2014 година, владата беше приморана да се откаже од амандманот за приватизација на ПТК. Тоа беше сторено кога опозицијата се закани дека ќе ја напушти седницата доколку тој амандман не се повлече. Против беа и неколку пратеници од мнозинството, меѓу кои и спикерот Јакуп Красниќи.

Во средината на април годинава комисијата за оценување на понудите за најдобар понудувач на тендерот ги прогласи „Аксос“ и „Најфи“, кои за 75 отсто од акциите понудија 277 милиони евра.

Пред  конечно да се каже „не“ на проватизацијата, истата беше одложувана неколкупати, еднаш по барање на купувачот, а останатите поради несогласувањето на парламентот да се финализира овој процес.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени