Пристигнаа 38.400 вакцини од Астра Зенека
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Мај, 2021
Пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои се обезбедени преку Ковакс механизмот. Информацијата синоќа на Фејсбук ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk“, пишува тој.
Во земјава се намалува бројот на заболени, а досега се вакцинирани околу 180.000 граѓани. Вчера имаше 30 нови случаи на коронавирус и 16 починати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.