19 Декември, 2025
0.1490

Притисокот продолжува: Министри на Австрија, Словачка и Чешка ќе одат кај ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2023 17:46

Добивај вести на Viber

ТВ24 објави дека се подготвува нова дипломатска офанзива за уставните измени со пристигнување во наредниот период на министрите за надворешни работи на Австрија, Словачка и Чешка. Министерската тројка ќе има средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го потврди и најголемата опозициска партија.

„ВМРО-ДПМНЕ има редовна комуникација со претставници на меѓународната заедница. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реафирмира ставовите кои познати на јавноста за високиот степен на криминал и корупција присутни во највисоките структури на власта, како и позициите на партијата во однос на уставните измени кои не се прифатливи под бугарски диктат, како и потребата за избори како излез од политичката и економска криза“, велат од партијата предводена од Христијан Мицкоски.

Дипломатски извори велат дека министрите ќе се сретнат со Мицкоски и со координаторот на пратеничката група Никола Мицевски. Министрите на Австрија, Словачка и Чешка барале средба со сите пратеници, но од ВМРО-ДПМНЕ рекле дека изводливо би било само со одреден број на претставници.

Изминатите денови дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како Бојан Стојановски, Игор Јанушев и Ели Панова биле на средба во американската амбасада во Скопје со заменик-амбасадорот во Скопје, Ерик Мајер.

Неофицијално, на пратениците им било кажано дека  Конгресот ќе донесе резолуција слична како онаа на Бундестагот и им било повторено дека САД очекува да се направи чекор кон уставните измени, повторувајќи ја позицијата на сенаторот Крис Марфи дека САД ќе ги преиспитаат односите со Македонија доколку нема уставни измени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот