Приведен маж кој е осомничен за пожарите во Грција
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2018
Грчките полицајци приведоа 65 годишен маж за кого постои сомненине дека е виновен за предизвикување на пожарите во Грција, од кои загинаа 91 лице, а околу 30 се уште се водат за исчезнати.
Грчката телевизија „Скај“ пренесува дека лицето чиј идентитет не се открива е жител на Пентели и дека тој наводно палел трева и суви гранки, чии жарчиња одлетале на околната вегетација и во комбинација со силните ветрови и високите температури, прераснале во големи пожари, кои оставија пустош во околината на Атина.
Како што пренесува агенцијата, тој и претходно палел сува трева и гранки, а кога сфатил дека пожарот излегува надвор од контрола, се обидел да ги прекрие трагите со земја вода и кал.