18 Декември, 2025
0.1599

Приведен Штипјанец, предизвикал пожар на имотите на соседите

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2025 09:25

Добивај вести на Viber

МВР објави дека лишено е од слобода едно лице од штипско поради предизвикување пожар кој направил штета по имотите на неговите соседи. Вчера попладне уапсен е М.Е.(43) од Љуботен за „предизвикување општа опасност“.
- Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад. 
На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева, објави полицијата.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип и локалното население. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија