Приведени 33 лица за Нова година, сообраќајки без фатални последици
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2025
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека на територија на државата се случиле вкупно 29 кривично - правни дела и приведени се 33 лица во текот на вчерашниот предновогодишен ден.
- Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога на различни локации, рече Тошковски кој присуствуваше на официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“.
Министерот дополни дека случени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, но ниту една со фатален исход.
- Имало околу 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, а за среќа немавме сообраќајни несреќи со најтешки последици така што генерално можам да заклучам дека имавме мирна и стабилна безбедносна состојба на теротирија на Македонија и уште еднаш да упатам огромна благодарност до сите полициски службеници кои во текот на вечерта одговорија на висина на задачата, додаде тој.