26 Април, 2024
0.0294

ПРИВИЛЕГИРАНИОТ ВИП БЕГАЛЕЦ ГРУЕВСКИ: Си помина граница а сите знаеја дека не смее

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

На кој начин пребеганиот, сега ВИП бегалец на Унгарија, ја поминал границата на својата татковина без пасош. На ова прашање Министерството за внатрешни работи неколку дена бара одговор. Кој му ги отвори границите кога сите гранични премини во државата беа известени дека Никола Груевски нема право да ја напушти државата?

-Сакаме да дојдеме до конкретни информации кои можеме да ги споделиме со јавноста. За нас е важно да истражиме што навистина се случило-кажа министерот Оливер Спасовски во текот на воените вежби во Криволак.

МВР комуницира со регионалните полициски служби и „работа на принципи е на крај да се претстави извештај за тоа дали Груевски имал нечија поддршка и како всушност избегал“.

Коментирајќи ги наводите дека Груевски од земјава излегол користејќи лична карта, Спасовски вели дека откако на екс премиерот му е одземен пасошот во јули 2017-та година, сите погранични премини биле известени дека тој не може да ја напушти земјата покажувајќи лична карта.

-Прво би требало да се утврди кој е одговорен, но и каде се пропустите на системот. Штом ги вооочиме, можеме тие недостатоци да ги отстраниме за да ја елиминираме опасноста од слични настани во иднина-заклучи првиот човек на МВР.

УНГАРИЈА ДОЛЖИ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА АЗИЛОТ И ВИП ТРЕТМАНОТ НА ГРУЕВСКИ

Откако доби ВИП третман од пријателот Виктор Орбан, меѓународната заедница бара дополнително објаснување од страна на унгарските власти.

Портпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас нагласил дека нема бегање од владеењето на правото.

Тој кажа дека одлуката ја донел судија и дека „тука не постои ништо што Европската унија може да направи“, но истакнал дека „тоа не значи дека не е потребно дополнително објаснување“.

Ваквиот вид на одлука, рекол Шинас, бара дополнително објаснување.

ГРУЕВСКИ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА ОДНОСОТ СО УНГАРИЈА

-Македонија нема да ги влошува односите со Унгарија и соседите поради екс премиерот Никола Груевски-убедува министерот за надворешни работи Никола Димитров .

Димитров тоа го кажа запрашан дали реакцијата на Македонија во однос на Унгарија ќе остане само на праќање протестно писмо.

-Македонија, без разлика на Груевски, смета на поддршката на Унгарија на патот кон ЕУ и НАТО-истакна министерот за Телма деновиве.

Димитров смета дека одобреноит азил на Груевски во Унгарија е „иронија и парадокс“, бидејќи, како вели, се работи за човек кој додека владееше Европската комисија го означи како заробена Македонија.

Димитров додава дека Македонија има интерес Унгарија да го поддржи македонското членство во НАТО и почеток на пристапните преговори за ЕУ потенцирајќи дека Македонија нема интерес да ги загрозува своите односи во регионот.

Фото: Фејсбук профил Никола Груевски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот