28 Ноември, 2024
0.0283

Привремена или одржлива позитива на македонската економија?

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Македонската економија се покажа како „жилава“ – со стапка на економски раст од 2,9 отсто во првото тромесечје, земјава се вброи во групата на земји во Европа која испорача позначен раст на БДП. На домашен терен, оваа стапка на раст, според економистите е очекувана, откако индустриското производство по 17 месеци, континуиран пад, конечно излезе од негативна зона, бележејќи позитивен тренд неколку месеци со ред. Првиот картал прикажа позитивен БДП, но колку и дали ќе се оддржи оваа стапка за на крајот од годината да се реализира владината прокеција за раст од 2 отсто? Дали БДП е одржлив? Она што алармира за периодот што следува е сигналот што го испратија двете водечки индустрии во земјава, металската и текстилната.  Од Кластерот за текстил објавија дека нарачките од странство се намалени за 30 отсто “Имаме најава дека поголемите ктекстилни компании што се членки на кластерот имаат намалување на нарачките од странство. Има фирми коишто месечно производувале и продавале 1 милиони и 200 единици, а сега во овој период производството речси се преполови. “ – објаснуваат од Клатерот за текстил. Она што загрижува во овој бизнис, од кој годишно преку извоз, се слеваат најмалку по половина милијарда евра , е состојбата со нарачките од стратешките трговски партнери. Во Германија, која е една од водечките европски економии, завршуваат дури 75 отсто од вкупниот извоз на текстилните доработки. Германија прикажа пад  на БДП од 0,3 % во првиот квартал во споредба со истиот квартал лани и незначајно опоравување во споредба со последното тромесечје од 2012 та година, што ги потврдува стравувањата на текстилците дека е можно подлабоко влошување на состојбата во овој сектор. Следна извозна дестинација за текстилците е Грција, каде завршува 20 отсто од извозот. Кризата таму веќе влијаеше да се намали овој процент. Во првиот квартал од 2013 та грчката економија остана во негативна зона со стапка од – 5,3 отсто.  Следува Холандија со околу 7% и Америка со околу 2 % учество во извозот на текстилни производи. Поради намалените нарачки, дел од текстилците најавија отпуштања од работа, што би можеле да се спроведат дури и во текот на летото. Се оперира со бројка од 1000 до 2000 откази во текстилниот бизнис. Лоши сигнали од металуршкиот сектор “Тоа е причински поврзано со светската економија, односно успорувањето на растот на светската економија ќе предизвика намалување на побарувачката за стратешките продукти “ – објаснија од Стопанската Комора на Македонија. Она што упатува на натамошно влошување на состојбата во овој сектор е и прогнозата за намалување на цената на никелот и на бакарот на светските берзи. Со “црни“ прогнози за металската индустрија излезе и Народната Банка, која во еден од своите понови извештаи посочи дека годинава цените на никелот ќе се намалуваат, наместо претходните проекции за раст, и дека  цената на бакарот ќе оствари подлабок пад. “Проекцијата за движењето на цените на металите е надолно ревидирана, покажувајќи понеповолни услови за размена во овој дел од извозниот сектор.“ – пишува во анализата на НБРМ. Поповолни движења за цените на металите се очекуваат дури во 2014 та година. Сите овие околности и очекувања за забавување на економскиот раст во европските економии, според економисите се показател дека кризата не е одмината и дека она што сега се случува во Европа, со задоцнет ефект, на крајот сепак ќе се одрази и врз македонската економија. Во една деценија - највисока стапка на раст од 6, 1 % За годинава Владата проектираше стапка на економски раст од 2% а како генератор на растот очекува да бидат инвестициите, додека кај јавната потрошувачка предвидува пад.

Споредбената анализа на стапките на економски раст укажува на тоа дека од 1993 та година до сега, највисоката стапка на БДП изнесува 6,1 отсто и таа е остварена во 2007 та година. Од аспект на одржливост на стапките на раст, сите овие години се забележуваат големи осцилации и неодржливост.

Така на пример, во 1999 та година  е регистриран раст од 4,5 отсто а годната потоа пад на економијата од 4,5 проценти. Сличен тренд се случува во 2008 та година кога е остварен економски раст од 5 проценти за потоа во 2009 та година економијата да влезе во рецесија со – 0,9 % .

БДП по години ( според производствен метод)
2003 та година                +2,8%
2004 та година                 + 4,6%
2005 та година                 + 4,4%
2006 та гоидна                 + 5,0%
2007 ма година                + 6,1%
2008 ма година                + 5,0%
2009 та година                 - 0,9 %
2010 та година                 +1,8%
2011 та година                 + 2,8%
2012 та година                  - 0,2%
2013 та година (I квартал) + 2,9%
  А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“