13 Декември, 2024
0.1167

„ПРИЗНАВАМ ПОРАЗ, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ОД БОРБАТА ШТО ЈА ВОДЕВ“: Харис им порача на поддржувачите да ги прифатат изборните резултати

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Потпретседателката на САД, Камала Харис, се обрати до своите поддржувачи и им се заблагодари за поддршката, но и го призна поразот од новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Таа во обраќање им се заблагодраи на семејството заедно со претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во нејзиниот говор на Универзитетот во Вашингтон.

- До мојот сакан Даг и нашето семејство, те сакам многу. На претседателот Бајден, ти благодарам за вербата и поддршката. Горда сум на трката што ја истрчавме во 107-те дена од кампањата - рече таа и им се заблагодари на поддржувачите.

Потпретседателката Камала Харис во средата го призна својот пораз од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

- Моето срце е полно денес - полно со благодарност за довербата што ми ја дадовте, полно со љубов за нашата земја и полно со решителност  - рече Харис на Универзитетот Хауард во средата.

Потпретседателкатат додаде: „Исходот од овие избори не е она што го сакавме, не е она за што се боревме, не е она за што гласавме. Но, слушнете ме кога велам: Светлината на ветувањето на Америка секогаш ќе гори светло.

Потпретседателката Камала Харис во својот говор рече дека иако ги разбира емоциите на нејзините поддржувачи, но напомена дека земјата треба да ги прифати изборните резултати, пренесува Си-Ен-Ен.

- Сега знам дека луѓето чувствуваат и доживуваат низа емоции во моментов. Сфаќам. Но, ние мора да ги прифатиме резултатите од овие избори - нагласи таа во обраќањето.

Харис исто така сподели дека го повикала новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја признае трката и му нагласила дека „ќе се вклучиме во мирен трансфер на власта“.

Потпретседателката Харис во средата излезе на сцената на Универзитетот Хауард за да го одржи својот говор по победата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп против неа на изборите во 2024 година.

Реков дека ќе има мирен трансфер на власта. Ние се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Ние му должиме лојалност не на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав. Признавам пораз, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од тоа Американците да можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избор, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство - дополни таа.

Фото: Принтскрин/Твитер

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВО МОСКВА: Украински агенти го убиле креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“?

ВО МОСКВА: Украински агенти го убиле креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“?

АСАД ОСТАВИ ВОЕНА ОПРЕМА: Израел пеплоса 80 oтсто од неа

АСАД ОСТАВИ ВОЕНА ОПРЕМА: Израел пеплоса 80 oтсто од неа

ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати

ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати

ТРАМП: Бројот на убиени Украинци и Руси е прилично изедначен

ТРАМП: Бројот на убиени Украинци и Руси е прилично изедначен

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТАЈНИ СМЕТКИ, ИМОТ, АКЦИИ: Колку „тежи“ семејството на Асад?

ТАЈНИ СМЕТКИ, ИМОТ, АКЦИИ: Колку „тежи“ семејството на Асад?

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

„ЗАПАДОТ МОЖЕ ДА ЈА ЖРТВУВА УКРАИНА, КАКО ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО 1938 ГОДИНА“: Фицо е убеден дека Украина е жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија

„ЗАПАДОТ МОЖЕ ДА ЈА ЖРТВУВА УКРАИНА, КАКО ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО 1938 ГОДИНА“: Фицо е убеден дека Украина е жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија