19 Декември, 2025
0.0366

Пробиотици и ОРС – во првата линија на одбраната при повраќање и дијареи

Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2022 09:00

Добивај вести на Viber

Повраќање и дијареа можат да бидат предизвикани од различни причинители вклучително и инфекции од вируси, бактерии и паразити. Исто така може да биде предизвикана од токсини, јадење заразена храна, некои лекови како антибиотици и јадење на храна која од различни причини тешко е да се свари. Додека пациентот повраќа и има дијареа постои опасност од сериозна дехидратација, која особено е опасна кај бебиња, деца како и кај повозрасната популација. За да се спречи ќе наведеме само неколку препораки.

⦁ Останете хидрирани – се препорачува пиење на чиста вода за да се надополнат течностите кои се изгубени. Со дијареа и повраќање, телото губи голема количина на течност и сол. За да се избегне нарушување на балансот на сол, неопходно е да се пие солена варена вода. Ако прекинувањето на повраќањето и гадењето не се повлечат, пијте слаб зелен чај со нане. Можат исто така да се пијат хербални чаеви (на пр. камилица) за да се олесни болката во желудникот.

⦁ Јадете повеќе растителни влакна – вклучувајќи ориз, морков, целер. Растителните влакна помагаат за да се аспорбира повеќе вода и да се направи нормална столица и со тоа да се спречи дијареата.

⦁ Земете пробиотици – пробиотиците се исклучително битни за време да дијареа и повраќање, и битно е да се употребат по препораките од лекар или фармацевт. Тие овозможуваат баланс на бактериите во ГИТ. Неколку типови на пробиотици се препорачуваат, меѓутоа пробиотикот Saccharomyces boulardii, има некои интересни карактеристики кои го прават прв избор при третман на дијареа и повраќање. За него е битно дека не се колонизира во телото, туку по неколку дена се исфрлува, природно е отпорен на антибиотици, па нема потреба да се разграничува времето меѓу земање антибиотик-пробиотик, и овозможува на нормализирање на цревна флора во ГИТ, после завршувањето на дијареата и повраќањето. Други исто така ефикасни пробиотици се Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus, and Bifidobacteria.

⦁ Земете ОРС – орални рехидратациони средства, кои овозможуваат внес на натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати. Тие се специјално дизајнирани за доенчиња и мали деца кога настапува умерена до силна дехидратација, воспаление на очи, недостаток на солзи, сува уста и помалку од една мокра пелена на 6 часа кај бебињата. Со орална рехидрација треба да се започне што побрзо - ORS  треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите. Предност се дава на хипотоничните ORS, со концентрација на натриум 60  mmol/L, и глукоза 74-111 mmol/L

Треба да се спроведе брза перорална рехидрација во период од 3-4 часа, и што побрзо да се воспостави нормална исхрана.

Д-р Маргарита Камбовска – спец. педијатар

* ПР - објава

фото: freepik.com


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка