ПРОБЛЕМИ ЗА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР: ММФ предвиде дека со години ќе закрепнува
Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Уште неколу години банкарскиот сектор глобално ќе се соочува со проблеми.
Тој ќе биде под притисок до 2025 година, дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од кризата предизвикана од пандемијата.
Ваков е ставот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Основните притисоци врз профитабилноста веројатно ќе продолжат на среден и долг рок дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од сегашниот шок“, се вели во извештајот.
ММФ проценува дека банките во деветте најразвиени економии ќе се измачуваат за генерирање профит во наредните пет години, бидејќи пандемијата ќе влијае на пролонгирање на периодот на ниски каматни стапки, пренесува Си-ен-би-си.
Фондот верува дека економскиот пад поради коронавирусот ќе го стави на „тест за отпорност на банките“, затоа што тие се соочуваат со загуби од кредити и пониски маржи заради ниските каматни стапки.
Банката JPMorgan Chase забележа пад на профитот од 69 проценти во првиот квартал во однос на 2019 година.
Во светот 60 милиони луѓе пак ќе живеат во екстремна сиромаштија поради пандемијата.
Тие ќе го поминуваат денот со помалку од 2 долари дневно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.