18 Декември, 2025
0.0380

ПРОДАДЕНИ СЕ 16 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „ЖИТО ПОЛОГ“ - купувачот плати 328 илјади евра

Објавено во: Финансии 30 Мај, 2023 09:39

Добивај вести на Viber

Вчера преку берзанска блок трансакција беа продадени 15,9 проценти од акциите на „Жито полог“ од Тетово.

Сумата која беше платена е 328 илјади евра.

Според берзанското известување, вчера всушност поминале две блок трансакции со акциите на „Жито полог“, и тоа во првата се продале 6.417 акции по цена од 2.268 денари за акција, а во вториот блок поминале 2.469 акции по исто така 2.268 денари за акција.

Со оглед што „Жито Полог“ има вкупно 55.997 издадени акции, а вчера преку двете блок трансакции се продале 8.886 акции, тоа значи дека практично во еден ден се продадени 15,9 проценти од акциите на ова компанија. И тоа за вкупна сума од 328 илјади евра.

Кој ја плати оваа сума ќе биде појасно кога промените во сопственоста ќе ги регистрира Централниот депозитар за хртии од вредност.

Во последнава година немало на Берзата тргување со акците на „Жито полог“.

„Жито полог“ е компанија со основна дејност производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска