ПРОДАВАЧОТ ГО ПРЕТРКА ХИГИЕНИЧАРОТ, „ШЕФОТ“ КАЈ НАС НЕ ПОМИНУВА КАКО НА ЈАДРАНОТ - еве каде има најмногу слободни работни места
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2023
По долг период неприкосновено „владеење“ на неговото височество – хигиеничарот на пазарот на трудот како најбарано занимање, во последниов период избива една друга професија како најбарана.
Станува збор за продавачот, занимање кое според последние мерења на Агенцијата за вработување, дефинитивно е најбарано во земјава.
Или, во моментов продавачот е занимање за кое има најголем број на слободни работни места, односно такви се 939 можности за вработување во нашата држава.
Потоа доаѓа на ред хигиеничарот на станбен и деловен простор, со 724 слободни работни места, или над 200 места помалку во однос на најбараното занимање.
Општиот работник секогаш е на цена, и за ова занимање во моментов има стабилни 577 слободни работни места, а возачите на камион, споротивно од тврдењата дека се „бесценети“, на ова рангирање дошле на четвртата позиција, и за нив во моментов има 313 слободни работни места.
Следуваат занимањата шивач на текстил, келнер, магационер, касиер, и потоа доаѓа занимањето готвач, за кое во земјава има 188 слободни работни места.
Затоа, пак, во Европа, како и во Хрватска на Јадранот, за професијата готвач постои вистинска јагма, а медиумите пишуваат дека за добар „шеф“ се нудат плти и од две и пол, па и до три илјади евра.
Па дури потоа следува програмерот како занимање, со 158 слободни работни места.
Кога станува збор за слободните работни места по дејности, и натаму на прва позиција според бројот на места каде што може да се вработите, е преработувачката индустрија, со 2.621 слободни работни места, потоа трговијата на големо и мало со 1.988 слободни места, а на трета позиција е градежништвото со 1.119 слободни работни места.
Инаку, главниот град на земјава Скопје и натаму е локацијата каде што најлесно можете да се вработите, со 6.263 слободни места, па можеби затоа и тоа е градот во кој постојано се населуваат луѓето од помалите места.
Според бројот на слободни места на втора позиција е Штип, со 579 слободни работни позиции, па следува Кумунаво со 563, а потоа доаѓаат Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес....
Н.Н.Ф.
Фото: Unsplash
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.