28 Септември, 2024
0.0268

Продажбата на „Скопски пазар“ падна за 28 отсто!

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

За камати компанијата платила над половина милион евра за девет месеци годинава

Приходот од продажба на „Скопски пазар“ продолжува да се намалува. Според официјалните податоци објавени деновиве во билансот на успех за првите девет месеци годинава „Скопски пазар“ има приход од продажба што е за 28 отсто понизок од продажбите остварени лани во истиот период.

Вкупно од продажби компанијата има 510,4 милиони денари што е за 212 милиони денари помалку од истиот период лани. Продажбата на „Скопски пазар“ во третиот квартал е пониска и од просекот за првите два квартали. Во периодот јули-септември продажбата е 160,4 милиони денари, а просекот за претходните два квартали е 175 милиони денари. 

Очекувано и логично на падот на приходите се намалуваат и оперативните расходи на компанијата. Но не во иста мерка како што паѓа продажбата. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 503,8 милиони денари и се пониски за 27 отсто во однос на истиот период лани. Тоа значи дека во услови на пад на приходите од продажба за 212 милиони денари, оперативните расходи на компанијата се намалиле за 185,5 милиони денари. 

Во расходната структура очекувано најголем пад бележи трошокот за набавна вредност на трговските стоки. За таа намена компанијата потрошила 251,3 милиони денари што е за 38 отсто помалку од истиот период лани. Кај втората по големина расходна ставка трошоците за вработени има намалување од 3 отсто што е само 3 милиони денари. Расходот за вработените е 114,6 милиони денари. Забележлив е тренд на генерално намалување на расходите на компанијата и тое е присутно кај сите ставки без исклучок. Оперативната добивка е 49 милиони денари и таа бележи пад за 38 отсто во однос на истиот период лани.

Над 500.000 евра расход за камати и курсни разлики

„Скопски пазар“ во првите девет месеци годинава усепал да ги намали расходите за камати и курсни разлики за 10 отсто во однос на истиот период лани. Сепак за условите во кои работи оваа компанија (нејзиниот приход од продажба и оперативната добивка) овие трошоци се значајна расходна ставка. Во првите девет месеци компанијата платила повеќе од половина милион евра (односно 32,45 милиони денари) за камати за своите побарувања од банките. 

Како епилог на ова нето добивката на оваа компанија на крајот на првите девет месеци изнесува 15,7 милиони денари и во споредба со истиот период лани е пониска за 62 отсто.

Како што веќе пишувавме резултати на оваа компанија се во надолна линија подолг период наназад. „Фактор“ неодамна ги спореди и објави резултати на компанија односно приходите од продажба во периодот од 2008 година до 2015 година. Разликата меѓу овие две години е пониски приходи за над една милијарда денари. Повеќе детали може да најдете на следниот линк http://faktor.mk/skopski-pazar-izgubi-edna-milijarda-denari-prihodi-od-prodazba-pod-upravata-na-brakjata-davitkovski



Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија