19 Декември, 2025
0.0380

Поради зголемениот интерес на потрошувачите

Продолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2016 11:03

Добивај вести на Viber

За да излезе во пресрет на големиот број барања на заинтересирани граѓани, компанијата „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“, го продолжи рокот за пријавување за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, којшто со новата одлука ќе трае до 30-ти септември. 

За првите 15 дена од почетокот на акцијата, поднесени се вкупно 471 барања за повторно приклучување во системот за топлинска енергија. Дополнително, во изминатиот период голем број заинтересирани граѓани се обратија во наплатните пунктови на БЕГ за да ги добијат неопходните информации за начинот како можат да ја искористат оваа поволност, а регистирани се и над 600 јавувања во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200.

Акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје.

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за домаќинствата се намали за 10,93%, на што претходеше и одлуката на компанијата за продолжено греење во вечерниот период за најмалку еден час, што се дополнителни придобивки за потрошувачите. Освен домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење до 30-ти септември важи и за правните лица, кои исто така добија значително намалување на цената на парното греење.


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка