Продолжена мерката за „гарантирана цена“ до крајот на годината
Објавено во: Економија 27 Октомври, 2023
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека за еден месец се продолжува мерката за замрзнатите цени на одредени производи, по завршувањето на владината седница.
Мерката „гарантирана цена“ се продолжува до крајот на годината, наместо до 30 ноември, како што беше претходно предвидено.
Со оваа мерка определени производи треба да останат на цените од 1 август и дополнително да бидат намалени за 10 отсто.
Како што објави Бектеши, до крајот на годината се очекува да биде изгласан Законот за нефер трговски практики со кој ќе се контролира рабатот, по што се очекува цените на производите и натаму да останат намалени.кога рокот на „гарантирана цена“ ќе заврши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.