27 Април, 2024
0.0298

Продолжена суспензијата за котација на акциите на Топлификација

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Македонска берза донесе одлука за дополнителни 30 дена суспензија за котација на акците на Топлификација АД Скопје поради актуелните услови кои се немаат променето. 

„Имајќи го предвид истекот на рокот од 30 дена за суспендирање од котација на акциите издадени од Топлификација АД Скопје согласно Одлуката бр.02-1163/1 од 19.09.2017 година, Одборот на директори на Македонската берза, на својата седница одржана на 20.10.2017 година повторно ја разгледа ситуацијата поврзана со Топлификација АД Скопје и оцени дека сеуште не постојат услови за донесување на одлука за прекинување на суспензијата од котација на акциите на Топлификација АД Скопје, поради што беше донесена Одлука бр. 02-1260/1 за продолжување на суспендирањето на акциите од ова Друштво за нови 30 дена, почнувајќи од 21.10.2017 година. Оттука, ги информираме инвеститорите на пазарот на хартии од вредност дека и во наредниот период  при евентуалното тргување со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар на Берзата треба да се имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста“, соопштија од берзата.

Фактор во континуитет ги следи случувањата околу Топлификација АД Скопје каде дојде до меѓусебен спор на групите на акционери и се поведе судска постапка за превласт во компанијата. Тука се инволвирани Здружението за заштита на правата на акционерите и поединечниот најголем акционер „Битар Холдингс Лимитед“ компанијата од Кипар.

Од 2012 па се до денес, Топлификација тврди дека нема директен контакт со БХЛ што според нив претставува и најголем проблем. Сите дописи од овој акционер од Кипар се доставуваат до Топлификација АД од лица вработени во ТЕ- ТО АД Скопје и Балкан Енерџи Груп, на македонски јазик заверени на нотар или пак печатени во боја. Од тие причини, Топлификација некoлку пати се има обратено до надлежни институции, заради утврдување на веродостојноста на добиената документација, тврдат од Топлификација.

Здружението од своја страна тврди дека БХЛ должи дваесетина милиони евра на Топлификација и ги користи и акциите на вработените.

„Со оглед на тоа што во ново формираната фирма носител на лиценците за снабдување дистрибуција и производство прејдоа поранешните вработени од Топлификација АД од кој добар дел се и акционери во Топлификација АД . На тој начин се појави и реална опасност која и и изминативе годни се покажа како точна  да нивниот сегашен работодавец  ги искористува  да заедно со своите 16.44%  плус акциите од вработените да оствари мнозинство на собрание односно изгласа нов НО  и со тоа да си отвори можност да не го врати долгот на Топлификација АД со што сите акционери би биле оштетени“, велат од Здружението.

На „Топлификација“ и пропадна обидот за присилна наплата на побарувањата, но Апелацискиот суд пресуди и со правосилна и извршна пресуда одлучи дека „Топлификација “ не може присилно да ги наплати своите побарувања. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност