ПРОДОЛЖЕТЕ ДА СЕ ЖАЛИТЕ, НО ЌЕ ВЕ ЧИНИ 8 ДОЛАРИ: Маск ги поздрави корисниците
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2022
Милјардерот Илон
Маск, новиот сопственик на Твитер ги „поздрави кориусниците со нова одлука и
најави дека наскоро ќе мора да плаќаат 8 долари веривикуваните профилите.
Иако за ова се шпекулира подолго време, сопственикот на Твитер, Илон Маск, потврди и најави дека на проверените акаунти ќе им се наплаќа 8 долари месечно за да ги задржат нивните сини симболи за верификација кои ја покажуваат нивната автентичност, наведува Reuters.
„До сите што се жалат, продолжете да се жалите, но ќе ве чини 8 долари“ напиша Маск на Твитер.
To all complainers, please continue complaining, but it will cost 8
— Elon Musk (@elonmusk) November 2, 2022
Вработените во Твитер работат многу подолго од вообичаено откако Илон Маск ја презеде функцијата. Доаѓа кога персоналот се соочува со закана од технолошки вишок поради планираниот ремонт на компанијата од страна на технолошкиот магнат.
Освен поплаките од страна на корисниците, жалби доаѓаат и од вработените на кои менаџерите на Твитер им наложиле на некои вработени да работат 12-часовни смени, седум дена во неделата - што е еквивалент на 84 часа неделно - за да ги почитуваат роковите на Маск, објави CNBC, цитирајќи интерни комуникации.
Од петокот, вработените во компанијата добиваат задачи кои некои ги гледаат како тест од тимот на Маск за да се види кој работи напорно.
фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC