Добивај вести на Viber
Македонскиот владин тим, предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска можностите за инвестирање во Македонија ќе ги претстават пред бизнисмени во Доњецк, една од најразвиените покраини во Украина. При посетата, предвидена е и средба на вицепремиерот Ставрески, со губернаторот на Доњецк.
Доњецк и Дњепропетровск се двете најразвиени економии во Украина. На вчерашната презентацијата на економските потенцијали во Дњепропетровск, украинските стопанственици пројавија интерес за инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката.
Можностите за инвестиции во Македонија, владината делегација во чиј состав се министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, претходно ги претставија можностите за инвестирање и пред голем број бизнисмени од Стопанската Комора на Киев. Вицепремиерот Ставрески оствари и средба со заменик министерот за економија на Украина
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.