Продолжува масовното затворање на продавници во САД
Објавено во: Финансии 14 Јули, 2017 09:57
Компанијата „Sears Holdings“ продолжува со затворање на продавници, а во петокот издале соопштение за затворање на уште 35 продавници Kmart, и 8 продавници Sears, пишува USA Today.
Неволјите во трговскиот синџир предизвикале неколку рунди затворање на продавници во текот на оваа година и тоа вупно 300 продавници. Иако култниот американски синџир на стоковни куќи има продавници на повеќе од илјада локации, Sears попушти под притисокот на онлајн конкуренцијата откако што против нив не успеа да се бори со традиционалната трговија.
„Долга низа години се боревме да ја вратиме непрофитабилната трговија на конкурентската позиција и да ги сочуваме работните места, и како резултат на тоа моравме да ги апсорбираме загубите во целиот процес, рекол директорот на Sears Еди Ламперт, додавајќи дека одлуките за затворање не биле лесни.
Sears е еден од многуте малопродажни гиганти кој се обидува да го најде своето засолниште и да преживее во опкружување кое е ориентирано на онлајн купување.
Трговскиот синџир J.C. Penney најави затворање на своите продавници на 138 локации што ќе значи откази за 6 илјади вработени, а синџирот Macy’s има во план да затвори 68 од нив. Трговскиот синџир за електронска опрема, Radio Shack, два пати во последните две години бараше заштита од банкрот, а многу други синџири се во процес на затворање на продажните простори.
Во март од Sears објавиле дека е тешко извесно нивно преживување, но стратегијата на намалување на трошоци наголемо ќе ја подобрат шансата. Ламперт во петокот објави дека компанијата ќе отвори неколку мали продавници, но не ја изнел поедичноста на планот. Фирмата е близу до тоа да ја исполни целта на заштеда од 1.25 милијарди долари низ намалување на трошоци што вклучува затворање на трговија и отпуштања.
На фирмата и е овозможен кредит во износ од 500 милиони долари, и тие продале повеќе имто во вредност поголема од 200 милиони долари, што ќе овозможи отплата на дел од долгот и ќе ја генерира ликвидноста на фирмата, а од продажбата на својата трговска марка Craftsman собрале дополнителни 900 милиони долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





