05 Декември, 2025
0.2654

Проектот за бејби-бум пропадна, Владата сега на помош ги вика универзитетските професори

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2012 19:12

Добивај вести на Viber

Владата побара помош од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” кој за 4 месеци треба да ја направи новата Национална стратегија за семејството. Во неа треба да се детерминираат демографските проблеми во Македонија, да се утврди конкретната состојбата со наталитетот, фертилитетот, миграцијата и да даде насоки за нејзино подобрување. „Во Македонија има тенденција на намалување на стапките на наталитетот и фертилитетот, на процентот на младата генерација, на бројот новозапишани во основни училишта. Овие податоци не се само бројки и гола статистика, туку предупредување дека е време нешто да се преземе“, рече ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски. На денешното потпишување на Меморандум за соработка на УКИМ, како и на двете министерства за образование и за труд и социјална политика, беше посочено дека во изработката на стратегијата ќе се вклучат голем број експерти, а ќе се работи и на усогласување на повеќе закони од областа на здравството, образованието, социјалата и транспортот. „Намалувањето на наталитетот е проблем на модерното време. Со него се сочуваат голем број земји во светот, вклучително и Македонија. Ако негативниот тренд продолжи со ваков интензитет, ситуацијата ќе стане сериозна. За намалување на евентуалните последици, Владата пристапи повеќедимензионално, од економски, социолошки, образовен и културолошки аспект зашто е потребна поддршка од сите општествени фактори не само од институциите, нагласи министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Министерот за образование Панче Кралев, пак посочи дека стратегијата треба да ја детерминира фактичката состојба во земјата и да го утврди правецот во кој треба да се движиме, но вети и дека нема да остане на хартија, туку ќе има конкретен операциски план кој ќе мора го следат и почитуваат сите институции. Запрашан за тоа дали и лично ќе придонесе за зголемување на наталитетот во Македонија, тој одговори- Цел на секој граѓанин, и моја, е стапување во брак и создавање семејство. Тоа е максималното нешто кое некој може да го оствари во животот. Како што посочија дел од универзитетските професори,освен намалувањето на наталитетот, како најголем проблем за македонската демографија ја посочија миграцијата на младите и големата невработеност поради која многумина тешко се одлучуваат на проширување на семејството.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“