19 Декември, 2025
0.0372

Проф. Марковски: Градителството не трпи импровизации, авантуризам, јавашлук и притисоци!

Објавено во: Економија 10 Август, 2016 07:58

Добивај вести на Viber

Трагичниот биланс и големите материјални штети од невремето што го погоди главниот град го отворија прашањето дали можеше да се предвиди и превенира катастрофалната поплава или има градежен пропуст на скопската обиколница при нејзината конструкција, па таа попушти под притисокот и силниот наплив на надојдената вода? Експертската јавност не милува да шпекулира со лоцирање на вината и барање на виновници, но бара стручна и сериозна анализа за причините кои доведоа до оваа трагична состојба. “Природата повторно сурово не опомена дека со неа нема шега. Некои лекции кои ги научивме од поплавата во 62-та година после која е извршена регулација на реката Вардар и по Скопскиот земјотрес , после кој значително е подигнат квалитетот на градбите, како да почнавме да ги подзабораваме. Како да забораваме дека градителството е крајно сериозна дејност која не трпи импровизации, авантуризам, јавашлук, притисоци “ -вели за Фактор, професорот Горан Марковски од Градежниот факултет. с-о Градителството додава е дејност која треба да почива единствено на знаење, одговорност, сериозност и почитување на стандарди. “Прво би сакал да го искажам своето искрено жалење за изгубените човечки животи што претставува единствената ненадоместлива штета од оваа страотна катастрофа. Со оглед на тоа што не располагам со повеќе информации од она што се објавува во средствата за јавно информирање, не би сакал да навлезам во шпекулативни и сензационалистички води и премногу лесно да изнесувам заклучоци за причините кои ја предизвикале оваа катастрофа. Сепак, со доста точна сигурност може да се каже дека Скопската обиколница, односно трупот на автопатот, кој во најголем дел на овој потег е изграден врз насип, одиграл улога на своевидна земјена брана која на места не успеала да го издржи притисокот од надојдената вода. Треба да се напомене дека овој објект ниту е наменет, ниту пак проектиран за ваков вид товар, па од таму не треба многу да чудат ни неговите оштетувања”- објаснува универзитетскиот професор. Причините вели треба да се бараат или во неочекувано високото ниво т.е количество надојдена вода или, во што не сака да верува, релативизирање односно потценување на нејзиното потенцијално разорно дејство. Или пак и во двете. “Причини за ваков вид на оштетувања и последици кои настануваат врз основа она што се случило може да се поделат во два дела, нешто што не сме претпоставувале односно немало податоци дека може да се случи и нешто што е во случајот би било покритично да се располагало со такви податоци, а да не биле превземени соодветни мерки. Лично сметам и се надевам дека не е случај во ова што се случи со обиколницата”- додава професорот. Одговори според него треба да се бараат во сериозна анализа, а за тоа смета дека е потребен сеопфатен пристап поткрепен со бројни релевантни податоци. “До податокот за максималното количество вода врз основа на кое се димензионираат отворите на пропустите и мостовите на сообраќајниците, се доаѓа преку сеопфатна хидролошка анализа која се базира на долгогодишни статистички податоци, проучување на сливното подрачје, климата, топографијата и геологијата на теренот, флората, нивото на подземните води и сл. Тоа е сложен процес кој бара висок степен стручно знење, перманетни истражувања, мерења, како и ред други активности кои треба во континуитет да бидат поттикнувани и подржувани од релевантните институции “ – смета професорот Марковски. Untitled Скопската обиколница која е еден од капиталните инфраструктурни владини проекти со вкупна должина од 26,7 километри се градеше неколку години. Втората делница беше официјално пуштена во 2009-та година. Последната трагедија покажа дека треба да се вклучи алармот, да се консултира стручната јавност и да не се уништува природниот потенцијал за сметка на бетонската офанзива, бидејќи дел од познавачите велат ”Очигледно, несреќите не им се случуваат само на други!”.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите