18 Декември, 2025
0.4095

Професор кој ќе ги менува македонските учебници: Македонската нација е настаната од антагонизам и комунистичка идеологија

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2019 13:28

Добивај вести на Viber

Професорот Спиридон Сфетас, член на македонско-грчката интердисциплинарна комиисја, која согласно Преспанскиот договор треба да направи ревизија на учебниците по историја, за Дојче Веле изјавува дека македонското национално чувство настанува во ерата на Крсте Петков Мисирков и дека народот со словенско потекло треба да се издвои од антиката.

Тој вели дека македонската нација настанала успешно како резултат на антагонизмот кој владеел помеѓу Србија и Бугарија во минатиот век.  Според него, целта на Комисијата е да се надминат недоразбирањата и да се отстранат некои размислувања против Грција и одново да се интерпретираат историските извори и да се надминат недоразбирањата од минатото, а не да се менува историјата. Клучна точка е антиката и доаѓањето на Словените; кои според професорот од Универзитетот Аристотел во Солун не го користеле името Македонија заедно со старите Македонци. 

Вели дека грчките ученици сметаат дека југословенскиот лидер Јосип Броз Тито го измислил името Македонија и и го дал на федеративната членка.

- Тие добиваат впечаток дека Тито го измислил името Македонија за да создаде база за да го анектира грчкиот дел на Македонија. Учебниците говорат за територијалните претензии од Тито кон нашата територија - смета Сфетас.

Не тврди дека македонската е вештачка нација, но дека е створена на основа на антагонизам и на комунистичка идеологија.

„Факт е дека за македонската нација се залагале комунистите. Ако го земете ВМРО, Михајлов, Протогеров, Александров, па и ВМРО-Обединета, Димитар Влахов, на пример, сите тие, па и Влахов се идентификувале како Бугари од Македонија. Но, притоа постоела една критична маса меѓу луѓето кои сакале да се издвојат од Бугарите и Србите. Тоа значи дека Македонизмот е резултат на српско-бугарскиот антагонизам, а притоа и условите биле поволни за еден таков развој. Оттука тоа не значи дека биле формирани како некаква вештачка нација. Важно е дека македонизмот се покажал како успешен процес, наспроти, да речеме примерот со Молдавија и Молдавците. Таму беше многу вештачки и затоа не успеа. Ако ја споредите Молдавија со Северна Македонија, ќе видите дека таму луѓето се декларираат како Романци, додека тука не се декларираат како Бугари или Срби. И кога зборуваме за вештачки, тоа само значи дека тука не се работи за еден нормален процес како кај историските нации во 19-от век“, вели Сфетас.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија