19 Декември, 2025
0.0400

Професор од Кавадарци создаде сино и зелено вино

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 09:51

Добивај вести на Viber

Професорот Влатко Тасев од Кавадарци создаде сино и зелено вино, со што се отвара ново поглавје за вината не само во земјава, туку и во регионот.

Синото вино стана вистински хит во Шпанија пред две години, но македонското сино вино уште е непознато за пошироката јавност.  Професорот Тасев долги години се занимава со производство на вино, и сака да експериментира. Сепак, тајната за тоа како го создал виното не ја открива.

„Сакам да истражувам на полињата кои ми се интересни и така настана и идејата да се создаде нешто ново, различно и атрактивно, но сепак да ја задржи автентичноста и оригиналноста. Тајната е токму во горенаведеното, исто, а различно. Диверзитетот во колоритноста е единственото нешто по што се разликуваат овие вина од останатите. Вкусот и мирисот се непроменети и ги имаат карактеристиките на видовите грозје од кои се направени“ – вели Тасев.

Раскажува дека оние кои веќе го пробале виното имаат пофалби и позитивни коментари.

„Им се допаѓа, секако, а најмногу се воодушевени од визуелната карактеристика на овие вина. Од кога знам за себе, мојот татко и мојот дедо си правеа винце за своја душа и беа познати во своите кругови по вкусното вино и ракија. Уште од многу мал ми се всади таа љубов кон производството на овој божествен напиток“ – раскажува професорот.

Сепак, се согласува дека виното не е промовирано доволно од причина што се работи за мала количина на вино

„Моите пријатели од vinotika.mk ја проследија оваа своевидна промоција на овој вински настан до познатиот српски портал vino.rs и тоа е сè. Инаку за некоја посериозна и вистинска промоција мислам дека нема да има, бидејќи се работи за многу мала количина на вино, а голем дел од тоа вино веќе се испи и се подари на мои пријатели и љубопитни винољупци“ – вели Тасев.

Професорот најавува дека и во иднина ќе експериментира, но ќе остане мала тајна и во секој случај нема да отстапи од задржување на оригиналните, природни карактеристики на виното.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК