ПРОФЕСОРИТЕ ГЛАДУВААТ: Во оваа земја платата им е само 20 долари
Објавено во: Економија 10 Март, 2023
Многу ниски плати земаат просветните работници во Венецуела. Платата на наставниците е околу 20 долари месечно, што е околу пет отсто од сумата потребна за прехранување на петчлено семејство.
Поради лошите плати и условите за работа, наставниците во државните училишта оваа година протестираа ширум државата, барајќи повисоки плати и повеќе државни средства за образованието, пренесува Блумберг. Владата не ги исполнила своите ветувања за зголемување на платите на јавните работници, па многу од нив мака мачат да ги прехранат своите семејства, пренесува Танјуг. Поради лошите услови за работа и ниските плати, меѓу 2018 и 2021 година, околу 68.000 наставници од основните и средните училишта ја напуштиле Венецуела, покажа истражувањето на меѓународната консултантска фирма „DevTech Systems Inc“. „Гладни професори не можат да едуцираат“, пишуваше на транспарент на професор кој излезе на протест.
Пред неколку години Венецуела беше во сериозна криза. Снемуваше храна на рафтовите во продавниците.Во октомври лани, Венецуела имала инфлација од 156 отсто.
foto Ansa
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.