18 Декември, 2025
0.0547

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ ПОРАЧУВА: Влегуваме во финалето на ужасот, кој не се вакцинирал или прележал, нека избегнува луѓе во затворен простор

Објавено во: Македонија 20 Август, 2021 10:23

Добивај вести на Viber

Професорот по квантна механика Дејан Трајковски, предвидува дека во поглед на состојбата на коронавирусот, влегуваме во врвот, односно, како што вели, финалето на ужасот. Затоа советува дека тие што не се вакцинирани или прележани, е најдобро да избегнуваат луѓе во затворен простор. 
Еве што пишува тој во неговиот статус на фејсбук, со напомена дека бројките се однесуваат на вчерашниот ден.
Репродукцискиот број Rt и преносливоста продолжуваат да се намалуваат (на дијаграмот на првата слика), а денешниот број на случаи (1.155) совршено се поклопува со моделското предвидување. Пред нас се двата дена во неделата со вобичаено најголем број на случаи во неделата, па да видиме како ќе поминат. Ако во сабота видиме помалку од 1.300, би било релативен успех.

Од друга страна, стапката на позитивни тестови достигна рекордни вредности во овој бран. Денешната вредност изнесува 18,46 отсто, а седумдневната подвижна средина изнесува 12,34 отсто (сината и црвената линија на вториот дијаграм). Не сме далеку од точката од присуство на вирусот насекаде (пролетва тоа се случи при стапка над 30 отсто), всушност тоа во моментот и се случува во Тетово и Гостивар. Тоа е точка на тотална капитулација, тотално неконтролирана ситуација кога повеќе ништо не помага, освен строг локдаун. Меѓутоа, ниту властите ниту населението тоа не го посакуваат, секој од свои причини. Тие што се заразиле го сметаат заразувањето за лоша среќа, а оние што сé уште не се заразиле мислат дека вирусот не им може ништо. Во Тетово одвај четвртина од населението верува во вакцини, па ништо подобро и не можело да се очекува. Храбро се одигрува сценариото на неконтролирано заразување и колективен имунитет од прележување.

Заклучно со 05.08.2021 (14 дена наназад од денес) во државата биле вакцинирани точно 20 отсто од популацијата. Толку се реално заштитени со вакцините. Дури и да претпоставиме дека популацијата изнесува помалку од 2,08 милиони жители (пореално е околу 1,8 милиони, па дури и само 1,5 милиони жители, според директорот на ДЗС), сепак се работи за премал удел од популацијата заштитен со вакцини. Тоа секако би требало да се одрази на максималната вредност на стапката на позитивни тестови на врвот од овој бран, но не премногу. Ако во април сме имале 35 отсто сега би можеле да дотуркаме близу до 30 отсто.

Со денешните 18,5 отсто би требало да сме веќе поблиску до врвот отколку до подножјето на бранот. Сега многу побрзо и се додаваат нови случаи, па има шанси врвот на летниот бран да биде достигнат околу 1 септември, иако се уште е рано за попрецизна прогноза. Прогнозата за врвните дневни бројки засега е за околу 1.600, со можност за корекција нагоре.

Деновиве влегуваме во зоната на врвот, финалето на ужасот, па кој што не се вакцинирал и не прележал, најдобро да избегнива луѓе во затворен простор, затоа што вирусот ќе го има насекаде. Кога не би имале други индикатори, само со следење на стапката на позитивни тестови можеме многу да научиме, иако со масовно тестирање и во домашни услови статистиките се прилично искривени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери