28 Ноември, 2024
0.0664

Профит наспроти одржливост - Каква трага оставаат компаниите со своето (одговорно) делување?

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Какво е вистинското влијание на деловните активности на компанијата? Тие нудат добра и услуги кои го подобруваат нашиот секојдневен живот, но каква трага оставаат компаниите со своето делување? Како можеме да го измериме успехот на бизнисот? Дали успехот се заснова исклучиво на профит или треба да ги земеме предвид ефектите што ги има врз општеството и животната средина?

Општествената одговорност е сѐ поактуелна тема и сведоци сме дека низ годините се зголемува бројот на компании кои се подготвени да одделат дел од својот профит за поддршка на заедницата преку донации. Но, доколку системот на работа при создавање на профит на компаниите е неодржлив и придонесува за негативни ефекти во општеството, дали можеме да разговараме за вистинска одговорност?

Остварувањето на профит, како еден од главните приоритет на компаниите, не треба да биде на штета на луѓето и животната околина. Традиционалниот бизнис модел фокусиран на профит полека се трансформира во нов начин за управување – одговорно, етичко и одржливо. Напорите за корпоративна одржливост отвораат простор за наоѓање рамнотежа помеѓу општествените потреби, без преминување на границата до која човештвото може да функционира и живее, не нарушувајќи го екосистемот на планетата Земја.

Во овој процес, значајна регулаторна улога можат да играат и банките, воспоставувајќи принципиелни критериуми во процесот на кредитирање и поддршка на развојот на различните индустрии.

Во изминатите 20 години постоење на македонскиот пазар, ПроКредит банка постави вистински пример за општествено одговорна компанија, посветена на одржлив развој и зачувување на животната околина. Банката работи на минимизирање на влијанието врз животната средина и промовира одржливи практики, не само во рамките на сопствените активности, туку и во соработката со клиентите и добавувачите. Примената на овие доброволни мерки за одговорно делување значи и приоретизирање на догорочната одржливост на економијата и животната средина, наспроти максимизирање на краткорочниот профит на банката.

Согласно своите етички стандарди, ПроКредит како пример за одговорна банка има дефинирана листа на активности кои негативно влијаат на општеството и животната средина кои банката не ги кредитира, како што се игри на среќа (кладилници и коцкарници), ловишта, производство и трговија со оружје, рудници, ангажирање на присилена работна сила или издавање и инвестиции во крипто валути. Овој процес во банката е систематизиран, со што се прави транспарентна проценка на еколошкиот ризик и социјалното влијание во соработката со секој клиент преку категоризација, не само на нивото на ризик кон животната средина, туку и кон условите за работа на вработените.

Доколку одредена компанија не ги исполнува бараните стандарди и не е подготвена да вложи во систем на подобрување, банката ја одбива кредитната поддршка. Истото важи и за рестрикциите кон било какво финансирање на дејности поврзани со ископ на јаглен, активности во заштитени зони и национални паркови, производство и трговија со пластика за еднократна употреба. Банката не гледа само низ призмата на сопствениот профит, туку со поддршката што ја дава, придонесува кон долгорочен и одржлив развој на бизнисите.

Во таа насока, еден од главните фокуси на банката е „зелено кредитирање“, каде што се насочени 20% од кредитни пласмани за финансирање проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

Преку финансирањето на општествено подобни проекти ПроКредит Банка промовира позитивно влијание врз општеството и животната средина, што е во согласност со мисијата на банката да придонесе за одржлив развој на домашната економија.

Реалност е дека компаниите можат да имаат значително влијание врз промена на досегашната пракса, со што би се дало приоритет на намалување на штетните ефекти врз животната средна. На тој начин, би се отворил простор за развој на погрижлива економија, каде што успехот на компанијата нема да биде дефиниран само од остварениот профит.

ПР-Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА