06 Мај, 2024
0.0242

Профитабилноста во работењето во согласност со прогнозите на Групацијата Триглав

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав во деветте месеци од 2016-та година успешно работеше во отежнатипазарни услови. Во дадениот период групацијата оствари добивка пред оданочување во висина од 68 милиони евра, додека пак консолидираната бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување изнесуваше 721 милион евра. Растот на премијата на групацијата Триглав во Словенија беше на исто ниво со порастот на самиот пазар, додека пак на останатите пазари изнесуваше 9%. На работењето во првите девет месеци од 2016-та година влијаеа масовни штетни настани, како и историски ниските, т.е. негативни каматни стапки на финансиските пазари. Во Триглав оценуваат дека, доколку се земат во предвид очекуваните пазарни услови до крајот на годината, годишната добивка пред оданочување ќе биде во планираните рамки. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, го заврши третиот квартал од 2016-та година со одлични финансиски резултати и го подобри комбинираниот количник, кој што е показател на успешноста во работењето во основната дејност.

Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година работеше успешно во тешки пазарни услови и го заврши дадениот период со нето добивка во висина од 54 милиони евра (48 милиони евра нето добивка од матичното друштво), додека добивката пред оданочување изнесуваше 68 милиони евра (60 милиони евра од матичното друштво).

Групацијата во првите девет месеци обезбеди 721 милион евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, што е 2 милиони евра повеќе од истиот период минатата година (т.е. 2% повеќе, доколку се земе во предвид и минатогодишната продажба на осигурителната компанија од Чешка). Премиите од неживотно осигурување беа зголемени за 1%, а доколку се земе во предвид и продажбата на чешката компанија, нивниот раст изнесува 3%. Премиите од осигурување на живот се намалија за 2% и тоа првенствено поради фактот што голем број на осигурителни полиси во дадениот период доспеале за осигурително покритие доживување, додека пак премијата од здравственото осигурување се зголеми за 4%. Во Словенија групацијата Триглав обезбеди вкупно 0,3% поголема премија споредено со истиот период минатата година, што е на исто ниво со порастот на целиот словенечки пазар. На останатите пазари просечниот раст на премија на групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 9%, споредено со истиот период минатата година.

Споредено со минатата година, на овогодинешното работење на групацијата Триглав во доменот на осигурувањето влијаеа масовни штетни настани, првенствено летните олуи проследени со град, потоа априлскиот мраз и локалните поплави во Словенија. Во дадениот период вкупната вредност на масовните штетни настани во групацијата Триглав изнесуваше 19 милиони евра. Ова првенствено влијаеше на покачување на комбинираниот количник на Групацијата. Неговата вредност во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 95%, што е во согласност со неговата стратешка целна долгорочната просечна вредност.

Приносите од финансиските инвестиции нагрупацијата Триглав беа за 21% пониски во споредба со истиот период минатата година, првенствено поради пониските нето профити од продажбата на финансиски средства. Неизвесноста, слабиот економски раст во целиот свет, ниските инфлациски очекувања, како и влијанието на Brexit предизвикаа оваа годинанеповолни условина меѓународните финансиски пазари, проследени со историски ниски, односно негативни каматни стапки и висока нестабилност на пазарите за хартии од вредност. Неможе да се очекува брзо подобрување на условите на финансиските пазари. Групацијата Триглав, во согласност со инвестициската политика и во согласност со состојбите гo прилагодува учеството во поединечнитеинвестициони класи и во структурата на инвестицииго задржува доминантниот удел на првокласни државни обврзници.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав,Андреј Слапар, изјави: “Задоволни сме со работењето оваа година, со постигнатата профитабилност, како и со зачуваната финансиска стабилност на групацијата Триглав. Ние сме словенечкото друштво со највисок кредитен рејтинг во државата, бидејќи оваа година две рејтинг агенции, “S&P Global Ratings и A.M. Best“, ни го покачија рејтингот од „А-„ на “А“, а рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза. Стратешко насочување кон осигурителната дејност на Групацијата покажува добри резултати. Работењето на словенечкиот осигурителен пазар, но и на пазарите надвор од Словенија, каде гледаме можноста за раст на премија, беше успешно и во согласност со очекувањата. Приносите од финансиските инвестиции, како што очекувавме, оваа година се пониски,согласно историски ниските каматни стапки. Земајќи ги во предвид очекуваните услови на работење до крајот на годината, оценуваме дека овогодишната добивкапред оданочувањена групацијата Триглав ќе биде во планираните рамки.

Групацијата Триглав на македонскиот пазар

Триглав Осигурување Скопје во првите три квартали од 2016-та година со неподелен фокусработеше на реализирање на зацртаните цели на компанијата, што секако придонесе кон остварување на одлични резултати. Вкупната бруто полисирана премија на крајот на септември, 2016-та година беше во рамките на резултатот за истиот период минатата година. Компанијата во дадениот период оствари раст на премија од 15% во сегментот на каско осигурување, а висок раст на премија постигна и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување.  Најдобар показател за успешното работење на Триглав Осигурување Скопје во основната дејност на осигурување е секако подобрувањето на комбинираниот количник, кој што во споредба со истиот период минатата година покажа пад, достигнувајќи 97,4%. Количник под 100 укажува на позитивно работење во доменот на неживотното осигурување како основна дејност.

Деловниот успех на Триглав Осигурување, Скопје е резултат на посветеноста на компанијата на стратешките насоки, кои што, покрај зацртаните финансиски цели, вклучуваат и иновативен пристап во развојот на производи и услуги со висок квалитет, како би се обезбедиле задоволството и лојалноста на клиентите. Во дадениот период први на пазарот воведовме сосема нова услуга – автомобилска асистенција. Исто така, продолживме да го развиваме доброволното приватно здравствено осигурување и воведовме нов производ во овој сегмент – осигурување на операции, сѐ со цел, на клиентите да им понудиме потполно решение во доменот на здравственото осигурување. Клиентите и јавноста го препознаваат квалитетот што го обезбедуваме, а потврда за тоа се QuDAL медалот за квалитет, кој што го добиваме втор пат по ред, како и најдобрата позиција меѓу сите македонски осигурители на SeeNews Top 100листата на осигурителни компании во Југоисточна Европа, изјави во оваа прилика г. Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“