19 Јули, 2024
0.0325

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме во новата работна недела?

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време.

Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови.

„Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, а веќе во петок, како и за време на викендот ќе имаме нови врнежи од дожд, локално повторно тие ќе бидат обилни. За време на овие влажни бранови, локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во среда попладне  и навечер, и повторно во петок, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на постуден воздушен бран од север. Мора да напоменеме дека на високите планини (околу и над 2.000 м.н.в ќе има врнежи од снег). Повремено снежната граница ќе се спушта и на планините од под 2.000 метри. Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а понекаде и поид 5 степени, додека во Малешевијата, како и на високите места и на планините тие повремено ќе се спуштаат и за некој степен под нулата“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Првиот мраз за оваа сезона во Македонија и тоа на повеќе места го очекуваме за време на следниот викенд, како и во текот на следната седмица.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО: сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО: сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

„Работниците во Македонски шуми гаснат пожари, буквално, по влечки!“: Левица со остра реакција за состојбата со пожарите

„Работниците во Македонски шуми гаснат пожари, буквално, по влечки!“: Левица со остра реакција за состојбата со пожарите

НОВА ПОДДРШКА: Прогласот за семакедонско обединување го потпиша и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа

НОВА ПОДДРШКА: Прогласот за семакедонско обединување го потпиша и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа

АПАНАЖА ЗА БЕСИМИ, БЕКТЕШИ И ЛОГА - закупнина за стан за четворица пратеници, како и плата до пензија, еве ги деталите

АПАНАЖА ЗА БЕСИМИ, БЕКТЕШИ И ЛОГА - закупнина за стан за четворица пратеници, како и плата до пензија, еве ги деталите

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАР: град, громови, поплавени улици и одрони на патиштата

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАР: град, громови, поплавени улици и одрони на патиштата

„Ветрот го сменил правецот и се нашол среде оган“: повредениот Златко правел противпожарен појас за огнот да не дојде до Сираково

„Ветрот го сменил правецот и се нашол среде оган“: повредениот Златко правел противпожарен појас за огнот да не дојде до Сираково

ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците

ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците

„Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин“: ТАВ Македонија без откажани летови

„Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин“: ТАВ Македонија без откажани летови

МНР: Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа кај Палојце во Србија

МНР: Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа кај Палојце во Србија