Прогнози и оценки – кој е победникот и кој ќе формира влада?
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016
Обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пораката на Америка, изјавата на лидерот на Вмро-Дпмне и можните постизборни комбинаторики ги “запалија“ социјалните мрежи. Фактор објавува дел од ставовите на познати јавни личности, функционери, аналитичари преку нивно обраќање преку социјалните медиуми.
Еве дел од нив:
Андреј Жерновски, градоначалник на Центар :
“Овие избори му го зададоа решавачкиот удар на режимот, иако некои се' уште посакуваат тоа да не е така. Еве зошто го велам ова. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да формираат стабилна влада, каква и да биде конечната распределба на мандатите. ДУИ мора да разбере дека ризикува да се распадне доколку прифати уште една коалиција со Груевски. Пораката од албанските гласачи на овие избори е јасна: тие се и против Ахмети и против Груевски. Им честитам на храброста и свеста која ја покажаа на вчерашните избори. Второ, исто така многу важно. СЈО, повеќе од сигурно, ќе продолжи со својата работа. ВМРО-ДПМНЕ веќе не е во позиција ништо да менува, уште помалку да укинува. Следува период на конечен расплет и правна разрешница, нешто за што сите се боревме. Преговарачката моќ на опозицијата во претстојниот период ќе биде огромна и очекувам позитивен исход од преговорите.
За крај, сакам да им упатам огромна благодарност на граѓаните на Центар. Драги сограѓани, вие одржавте лекција по демократија и на овие избори. Огромни 8.500 гласа е разликата во Центар во корист на опозицијата. Ова е најдобриот резултат во поновата историја и јас сум пресреќен за тоа. Покажавте зрелост и одлучност на највисоко ниво. Ваквиот резултат е голема одговорност за опозицијата и за мене како градоначалник да не ја изневериме вашата доверба. Ве уверувам дека ќе продолжиме да работиме посветено и во ваш најдобар интерес, затоа што сакаме и мораме да ја оправдаме добиената доверба“.
Никола Србов, аналитичар :
“Бејли ви кажа се со зборовите „Партиите кои ќе ја составуваат идната влада да имаат тесна соработка со опозицијата за реформите во интерес на евроинтеграциите“ (читај решавање на крупни прашања). Си призна пораз човекот но најави дека ќе става сопки преку опозицијата која пак ќе ја предводи СДСМ“ и додава:
“Победата ја имаме во раце, таа сега треба да се одбрани. Молкот на ДИК е срамен и понижувачки, вчера граѓаните кажаа кој сакаат да ја води државата, вчера ВМРО извојува 10 победа по ред“.
Илија Димовски, Вмро-Дпмне:
“Хилари имаше 2.000.000 гласа повеќе и ја призна победата и се понуди да помогне ако биде потребна...Заев и втор пат изгуби и пак не признава...Срамота! Сака да ја продолжи кризата“и додава:
“Без 70 000 албански гласови за СДСМ, таа партија ќе имаше 350 000 гласови, што е помалку од резултатот во 2011 година (кога имаа 370 000)...“
Ивор Мицковски :
“Македонија допрва ја чекаат тешки и долги преговори, еден вид на хрватско сценарио. ВМРО излага како нормализирана партија и тоа е најстрашното, иако работата на СЈО и понатаму ќе продолжи да ја цепка и ослабнува. Но, останува и партија со 450 илјади гласа, на која реално и се откинати само 30 илјади гласачи. Таа поделност и таа поддршка мора да не напраават попаметни и повнимателни во опозициското структурирање. Вистинската слабост на ДПМНЕ е што излага како херметичка македонска партија, која како партнер го има својот албански сурогат.
Но, тоа не значи по автоматизам дека СДСМ се претвори во вистинска граѓанска партија. 100 илјади и нешто гласа повеќе, особено од албанците и поради големата излезност, од неопределените, е крик на револт, частење, кое можеби ќе се повтори, а можеби и нема. Оттука целиот наратив, мора да се промени, да се разбере суштинската поделеност во општеството, и оттаму да се работи или на реално обединување, или на пропаст. Дрскоста која прострујува, желбата за монопол, немањето реална обединетост и понатаму се најголемиот хендикеп, како и комплетното заборавање дека во иднина се помалку ќе може да се вози на револт, а се повеќе ќе мора да се инвестира во квалитет, разноликост и реална политичка понуда.
Со револт се стига дотука, и ВМРО пак излага како победник. Тезата за градуално рушење е прифатлива, само ако другата страна се подобрува во целиот процес, а не да ги асимилира логиките, реалностите и некои застарени форми на постоечкиот систем. Во спротивно, ќе се случи и во македонскиот кампус, тоа што се случи кај албанскиот. Разликата е што кај албанците тоа е продукт на револт кон владејачката елита, а кај македонците ќе биде израз на желба за подобро од двете постоечки партии. Затоа, помалце инвестирање во револт, а повеќе во желба за реални промени. Револтот е изблик, промените се процес“.
Драган Алцинов, аналитичар:
“Несомнено формулата ,,леб и циркус’’ функционира беспрекорно, без разлика дали се работи за првиот или за дваесет и првиот век. Таа секаде продуцира пад на републиката и вовед во авторитарно владеење. ДПМНЕ во овие 10 години успеа да даде доволно ,,леб’’ за да ги нахрани стомаците и да направи доволно ,,циркус’’ за да ги одржи мозоците зафатени со небитни работи“.
Сами Бислими, универзитетски професор:
“Како е можно толку неважечки ливчиња при едно единствено заокружување“ - напиша професфорот Бислили откако претходно преку социјалните мрежи заклучи
“Ајде сега вартијантите кој со кого, ама полека, најверојатно ќе биде варијантат никој со никого“.
Владимир Милчин:
“Има ли јунак кој ќе објасни како по целата приказна за прочистениот избирачки список, на списокот останаа фантоми, а исчезнаа граѓани родени во Македонија кои живеат во Македонија на истите адреси на кои живееле и гласале повеќе пати. А вчера, на најважните избори по 2002 година, им беше одземено правото да учествуваат во одлучувањето од кое зависи нивната иднина?“.
Ѓорѓи Спасов, аналитичар:
“Груевски не
смее да формира влада наспроти изразената волја на граѓаните на Македонија. Ова
е клучната порака од прес конференцијата на Заев денес.
Целосно ја подржувам. Сега сите што се за подршка на СЈО и за промени треба да
формираат макар техничка влада без ВМРО ДПМНЕ која ќе му го продолжи мандатот
на СЈО, ќе формира судско одделение за предметите од СЈО, ќе направи ребаланас
на буџетот, ќе ја зголеми висината на минималната плата, ќе ги спроведе
следните локални избори и дури кон крајот на 2017 ќе одржи фер и демократски
избори во услови на одблокирани институции и владеење на правото. ВМРО ДПМНЕ
треба да отиде во опозиција за да се свести, демократизира и да се соочи со последиците
од својот криминал и национал шовинизам. Тоа е заедничи интерес на Македонците
и на Албанците. Тоа е заеднички интерес на сите прогресивни сили во Македонија
на секој разумен граѓанин“.