03 Мај, 2024
0.0286

ПРОГРАМЕР ВО НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЗЕМА ПЛАТА ОД 52 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – но прво ќе треба да се покаже за време на пробната работа

Објавено во: Финансии 28 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Ќе има нови вработувања во Народна банка на Македонија. Првата монетарна куќа објави иглас за прием на шест извршители. Тие на почетокот, односно за време на пробната работа, ќе земаат само половина плата, додека да ги усовршат работните обврски.

Притоа, како што стои во огласот на централната банка објавен на нејзината веб страница, тројца извршители се потребни за Дирекцијата за информациска технологија, и тоа на определено време, односно во траење од две години.

Од нив, едниот ќе биде на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи, вториот ќе биде „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и третиот ќе биде на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање.

Покрај овие, за тројца други извршители е распишан оглас на неопределено време. Првиот е „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија, вториот е извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Дирекцијата за статистика и третиот ќе биде „помлад аналитичар почетен I степен“ во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.

Првите тројца кандидати, треба да исполнуваат и некои посебни услови, меѓу кои, за првата позиција: завршен факултет за техничко технолошки науки или за информатички науки, да имаат познавање на платниот промет во земјата, ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии... одлично познавање на англискиот јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка. За второто место потребни се информатички науки, а кандидатите да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народна банка. Слични услови треба да исполни и третиот кандидат.  

И кандидатите кои ќе бидет примени на определено време треба да исполнуваат услови, па така, кандидатите за програмер од прв степен треба да имаат завршен факултет од областа на информатичките науки, да имаат работен стаж најмалку две години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, одлично владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

За работното место „помлад статистичар“, кандидатите треба да имаат завршен факултет од областа на економските науки, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

За работното место помлад аналитичар да имаат завршен факултет од областа на економските науки, со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Со кандидатите кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време, со вршење пробна работа во времетраење од еден месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.

Кога станува збор за висината на платата, за работните места во Дирекцијата за информациска технологија, таа ќе изнесува 44.576 денари, додека за време на пробната работа платата ќе им изнесува 50 отсто од нето платата, односно 22.733 денари, а за време на приправничкиот стаж е 70 отсто или 31.472 денари.

Потоа, за местото а работното место програмер I степен во Дирекцијата за информациска технологија плтата изнесува 52.355 денари, додека за време на пробната работа висината на платата ќе биде 50 отсто, односно 26.617 денар.

Додека, пак, за работните места помлад статистичар во Дирекцијата за статистика и помлад аналитичар во Дирекцијата за монетарна политика и истражување, платата ќе изнесува 27.564 денари, додека за време на пробната ќе биде 50 отсто, односно 13.929 денари, а за време на приправничкиот стаж ќе биде 70 отсто или 19.556 денари.

Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа