18 Декември, 2025
0.0378

ПроКредит банка поврзува македонски и албански бизнисмени

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2014 13:32

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка во рамки на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови ригионални бизнис можности и партнерства. Клиентите на ПроКредит Банка имаат можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис средби помеѓу клиенти на ПроКредит банките во рамки на својата меѓународната групација на банки кои работат во 20 различни земји во светот. Како дел од серијата на регионални настани, во Хотел Дрим-Струга се одржа втората регионална средба помеѓу бизниси од Македонија и Албанија. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од  Македонија и Албанија за поддршка на локалните бизниси. На истиот присуствуваа околу 50 компании од двете земји кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехрамбени производи како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на  машини за пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти  можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери .  “Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси.  ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финснсиска поддршка,  инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме“ , изјави Александар Мирчов, директор на експозитура Струмица. Најатрактивни за македонските трговци беа производителите на маслинки и маслиново масло и  преработувачите на риба и конзервирани производи од риба. Албанските бизниси најзаинтересирани беа за машини за пакување, за македонските мелечни производи и тн. Серијата на настани продолжува со регионални средби помеѓу бизниси од Македонија, Србија и Косово.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?