28 Ноември, 2024
0.0397

ПроКредит ја обнови платформата “Школа за новинари” – првиот настан со фокус на ESG концептот

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Во пријатна и работна атмосфера помина новото издание на Школата за новинари, која се одржа на 22 јуни во просториите на Академијата на ПроКредит Банка во Велес, во организација на ПроКредит банка. Во согласност со својата посветеност за одговорно банкарство и одржлив развој, темата на овој настан беше „Одговорност во пракса: Разбирање на ESG концептот.”

ESG практиките и известувањата според ESG брзо се наметнаа како актуелни прашања од глобален интерес, кои го опфаќаат односот на компаниите кон животната средина, кон општественото окружување во коешто делуваат и кон корпоративното управување на компанијата.

За предавачи и говорници на Школата внимателно беа избрани докажани експерти од областите на економијата, претприемаштвото, економското новинарствои комуникациите. Во своите излагања говорниците се осврнаа на значењето на ESG (Environmental, Social and Governance) стандардот и неговата поширока примена приновинарското известување и корпоративното работење, како поттик за одговорни практики и поставување на позитивен пример во општеството. Се акцентираа долгорочните придобивки од навременото имплементирање на ESG стандардите за одговорно управување, мерење и намалување на штетното влијание предизвикано од активностите на компанијата, како и правилно искористување на човековиот капитал.

ESG е влезено во ДНК на функционирање на системот и веќе не е прашање дали да се имплементираат овие стандарди. За да бидат прифатливи за пазарот на ЕУ, неопходно е домашните компании да ги вклучат во своето работење. Ова е трка на долги патеки. Потребно е компаниите преку својот личен пример да бидат поттик за останатите да ги следат”,изјави Зоран Мартиновски, истакнат професионалец во доменот на развојните финансии со над 30-годишно меѓународно деловно искуство, осврнувајќи се на значењето на ESG како нов концепт во работата и функционирањето на компаниите на глобално ниво.

Недостатокот на квалитетен кадар, но и на работна сила воопшто, е горлив проблем со кој се соочува не само светскиот, туку и домашниот бизнис сектор. Промена на односот кон вработените во компаниите, вистинско вреднување на трудот, континуирано вложување  во вработените и респективно менаџирање со човечкиот потенцијал, се клучни за зачувување на квалитетниот кадар во државата.

Токму медиумите како седма сила, ја имаат моќта  да бараат одговорност од компаниите за поголема транспарентност, редовно да ги потсетуваат за влијанието што го имаат во општеството и животната средина, но пред сѐ кон вработените, како круцијална движечка сила. Како јадро на критичка мисла и поттикнувачи на промените, потребна е соодветна едукација на новинарите како да се движат низ нефинансиските извештаи, како да откријатgreenwashing (однесување или активност што ги тера луѓето да веруваат декакомпанијата прави повеќе за да ја заштити животната средина отколку што навистинаправи), како и кои прашања да ги постават за да стигнат до вистината за одговорнотооднесување на компаниите.

Милан Дамчевски, член на Управниотодбор на ПроКредит банка го истакна позитивниот пример на банката воимплементација на одговорни практики на работа веќе 20 години.

Концептот на управување според ESG стандарди е длабоко интегриран во работењето на ПроКредит банка веќе долги години, и споделувајќи го својот успешен пример, нашата цел е да поттикнеме позитивни промени во општеството и во бизнис заедницата. Неслучајно и ја одбравме оваа тема како прва во низата настани кои следат под платформата Школа за новинари", со цел да ја потенцираме улогата и одговорноста на сите страни во градење одржлива иднина.
Горди сме што сме лидери во банкарскиот сектор во примена на ESG практики, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Соочени со предизвиците на денешницата, сметаме дека овој принцип на работа станува сè поважен во периодот кој следи, а тоа дополнително нè мотивира уште повеќе да се посветиме и активно да инвестираме во долгорочен развој на економијата, општеството и екологијата", додаде тој.

Промовирајќи позитивна и одговорна култура на работење, ПроКредит транспарентно ги објавува своите резултати во ESG извештаи, кои се достапни на нивната веб-страница.

„Извештајот за одржливост е документ кој ПроКредит го објавува јавно на својата веб странца секоја година, како нефинансиски извештај за влијанието кое сме го оставиле позади нас изминатата година, вклучувајќи транспарентни и мерливи податоци за нашите еколошки практики,намалување на ЦО2 емисии, поддршката на МСПсекторот, начинот на управување, третманот на вработените. Целта на овој извештај е да ги следиме трагите кои ги оставаме позади нас, и да инвестираме во подобрување на перформансите. Само на ваков, транспарентен начин на известување, можеме да зборуваме за систематизиран пристап кон одговорни практики, истакна меѓу другото Добринка Стефанова, координатор на секторот за управување со животна средина во ПроКредит банка.

На панел дискусијата „ESG во пракса на локалниот пазар”, на која земаа учество и Зоран Радоњанин, ко-сопственик на Фејдом, Владимир Златковски, директор на продажба и маркетинг во Винербергер, Ирена Јакимовска сопственичка и управителка на Комфи Ангел, се отвори прашањето како да се мотивираат домашните компании да го применат овој концепт, при тоа не стравувајќи за својот опстанок. Искуствата на овие компании се позитивни и претставуваат светол пример за навремено фаќање ритам со светските новини во бизнисот.

Панелистите се согласија дека профитот не треба да биде единствено мерило за успехот на компанијата. Напротив, модерните компании кои тежнеат само кон профит, се заглавени во минатиот век, и како што истакна Мартиновски „се најсиромашните компании”, затоа што „најголемата вредност на една компанија се среќните и задоволни лица на вработените”, дополни Ирена Јакимовска. Клучна улога во менување на јавната свест играат медиумите, банките и компаниите.


Последниот, едукативен дел на тема „ESG во новинарството (CSR vs ESG)” , и припадна на Билјана Трендафилова, долгогодишна уредничка, економска новинарка и креатор на повеќе приватни медиуми во Македонија, чиј фокус е ориентиран кон комуникациите, односите со јавноста  и интерниот маркетинг. Таа упати апел до новинарите да се борат позитивните и успешни корпоративни приказни да се позастапени во нивните медиуми, како би поттикнале други компании да го следат нивниот пример, од што секој од нас би имал корист. На тој начин би се изградила подобра иднина за следните генерации.  

Темата поттикна плодна дискусија меѓу присутните новинари и претставниците од приватниот и банкарскиот сектор. Се разменија корисни мислења и искуства за ESG, но и генерално за транспарентноста на компаниите и нивното влијание во општеството. 

Школата за новинари на ПроКредит Банка побуди голем интерес кај нашите новинари кои обработуваат теми од економска, финансиска, банкарска сфера, како и од доменот на заштитата на животната средина и одржлив развој и нивните долгорочни придобивки за градење на подобро општество за сите. По повод својот јубилеј, ПроКредит ја возобнови оваа школа која била активна и пред 10-тина години и најавија дека истата ќе стане платформа на која редовно ќе комуницираат со новинарите, и преку која ќе инвестираат во едукација на теми кои се важни за целото општество.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА