Добивај вести на Viber
Прославувајќи ја пролетта, Вип им нуди единствено изненадување на своите постпејд корисници. Имено, почнувајќи од денеска па сé до 15 мај 2014 г., сите нови и корисниците кои ќе го обноват својот Вип постпејд договор на 24 месеци ќе имаат единствена можност за претплата од само 555 денари да добијат бесплатни неограничени разговори кон сите мрежи, бесплатни неограничени СМС пораки кон сите мрежи и неограничен интернет вклучени во претплатата.
По искористувањето на вклучениот 1 GB 3G интернет, брзината се намалува на 32 kbps. Корисниците кои во текот на промотивниот период ќе склучат договор заедно со промоцијата го добиваат и одличниот LG Optimus L4 II, Android паметен телефон за цена од 999 денари.
„Продолжуваме да им нудиме секогаш повеќе на нашите корисници. И оваа пролет им излегуваме во пресрет на потребите и барањата на нашите корисници за неограничена и слободна комуникација во движење. И со оваа промоција покажуваме уште еднаш дека нашиот фокус е секогаш кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците“, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.