05 Декември, 2025
0.0302

Промени кај минималниот тарифен модел на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2012 13:23

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком а.д. Скопје како давател на универзална услуга којшто ги следи законските регулативи, ќе нуди изменет минимален тарифен модел.Изменетиот модел корисникот ќе го добие за месечен надомест од 259,60 денари со вклучен ДДВ. Новиот минимален тарифен модел ќе нема лимит над кој повиците се поскапи, а месечниот надомест и останатите карактеристики остануваат непроменети, соопшти денеска Македонски Телеком. Минималниот пакет ќе им биде достапен на претплатниците кои исполнуваат еден од утврдените критериуми, а по претходно доставен документ дека се постари од 70 години, пензионери со примања до 10.000 денари, самохрани родители, семејство со повеќе од 3 деца, невработени (барем еден во семејството), како и семејство со ниски приходи. За сите претплатници кои досега го користеа минималниот тарифен модел, а не ги исполнуваат условите за да продолжат со негово користење, Македонски Телеком го нуди новиот тарифен модел, Call Mini. Месечниот надомест на новиот Call Mini тарифен модел ќе изнесува 319 денари со вклучен ДДВ. И двата тарифни модели се наменети за приватни корисници и се достапни на телефонска линија со еден говорен канал со договор на неопределено време. Сите корисници кои не ги исполнуваат условите за користење на модифицираниот минимален тарифен модел, треба најдоцна до 3 јануари следната година да мигрираат на некој од постојните тарифни модели или во новиот Call Mini. По истекот на тој период Македонски Телеком тие корисници ќе ги префрли по службена должност во новиот тарифен модел Call Mini. Повеќе информации корисниците можат да добијат во продажните салони или на бесплатниот број 171.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници