ПРОМЕНИ НА ПРОФИЛОТ: Еве што ќе укине Фејсбук
Објавено во: Стил 21 Ноември, 2022 10:40
Фејсбук ги информираше корисниците дека ќе отстрани четири полиња со информации од профилот почнувајќи од следниот месец.
Овие полиња вклучуваат религиозни ставови, политички ставови, адреси и полето „заинтересирани“, што укажува на сексуалната ориентација на корисникот.
Промената ќе стапи на сила на 1 декември, а портпаролот на компанијата рече дека причината за промената е да се олесни користењето на социјалната мрежа.
„Како дел од нашите напори да го олесниме навигацијата и користењето на Facebook, отстрануваме неколку полиња на профили: заинтересирани, религиозни ставови, политички ставови и адреса. Испраќаме известувања до лицата кои ги пополниле овие полиња, информирајќи ги дека ќе бидат отстранети“, се вели во соопштението на компанијата.
Известувањето укажува дека другите кориснички информации ќе останат на нивните профили заедно со останатите контакти и основни информации.
Одлуката на Facebook да се ослободи од овие специфични полиња на профили е дел од напорите да ја подобри својата платформа, која моментално се состои од неколку функции кои се малку застарени.
Минатата недела Мета отпушти 11.000 работници, што е околу 13 отсто од нејзината работна сила.Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




