ПРОМЕНИ ВО РОКОВИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ – се крчкаат законски измени, ќе им бидат ли добредојдени на инвеститорите?
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2025 07:37
На предлог на повеќе пратеници од редовите на владејачката коалција во Собранието се доставени предлог иземени на Законот за финансиска поддршка на ивестиции.
Согласно предлогот на пратениците, се бара промена на рокот предвиден за аплицирање за финансиска поддршка за инвестиции.
Имено, во Собранието веќе е доставен предлог закон за измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, односно на законот со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија. Врз основа на прописите во овој закон се доделува финансиската помош.
Како што е посочено во законското решение рокот се заменува и наместо досегашниот 15 октомври, треба да се пролонгира до 10 декември.
- Во Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции зборовите: „15 октомври 2025 година“ се заменуваат со зборовите: „10 декември 2025 година“.Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“– стои во законското решение доставено до пратениците.
Самите предлагачи посочуваат дека целта на законот е пролонгирање на рокот за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка. Според нив, оваа законска измена нема да предизвикува финансиски импликации врз државниот Буџет, за спроведување на предложениот закон не се потребни дополнителни финансиски средства и истиот не повлекува материјални обврски за одделни субјекти.
Се бара за оваа измена да се гласа по скратена постапка.
- Предлогот на закон за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции содржи 2 члена. Со член 1 се интервенира во членот 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и се одложува рокот за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка во 2025 година. Со членот 2 се уредува влегувањето во сила на законот– се посочува во документот доставен до пратениците.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





