18 Декември, 2025
0.0368

Промоција на постдипломските студии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2014 11:51

Добивај вести на Viber

Универзитетот Американ Колеџ Скопје денеска ги промовира новите програми за постдипломски студии во учебната 2014/2015 година, можностите за добивање МБА стипендии, како и информациите за започнување на докторските студии. Универзитетот Американ Колеџ Скопје нуди бројни можности за постдипломски студии преку висококвалитетни наставни програми, реализирани од реномиран стручен кадар. При тоа, оваа образовна институција овозможува на своите студенти да го надградат своето академско знаење и нуди унапредување во кариерата, како и можност да станат дел од научно – истражувачката заедница. Околу 1.000 активни додипломци и постдипломци и повеќе од 2.000 дипломирани и магистранти се доказ за успешната работа на Факултетите од Американ Колеџ, информираат од факултетот. По тој повод, вечерва во  Сити Хол – Скопје, вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи презентација на целосната образовна програма на Американ Колеџ, на која Д-р Марјан Бојаџиев, Ректор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје ќе се обрати на присутните. Покрај можноста да бидат информирани за програмите од постдипломските студии, присутните гости, професори, претставници на бизнис заедницата и идни академски граѓани ќе слушнат и детали за можностите за добивање стипендии, како и за сите поволности за компаниите и организациите од Деловниот совет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?