18 Декември, 2025
0.1011

Промотивни услови за платежни картички во Охридска банка

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2014 12:36

Добивај вести на Viber

Охридска банка воведе атрактивни услови за картичките за физички и правни лица. Отсега сите нови и постојни корисници на VISA и MasterCard кредитните картички за физички лица можат да ги користат со намалени каматни стапки и тоа: · VISA кредитни картички – каматна стапка од 7,45%; · MasterCard кредитни картички – каматна стапка од 7,95%; Промотивните каматни стапки важат до 30 октомври 2014 година. Паралелно, Охридска банка воведе промотивни услови за VISA Бизнис дебитните картички за правни лица. Секоја издадена VISA Бизнис картичка е без годишна членарина за првата година. Дополнително, за направен годишен промет преку ПОС терминал во износ поголем од 90.000 денари по картичка, корисникот ќе биде ослободен од плаќање на членарина и за наредната година. Промоцијата важи до 01 јули 2015 година. Постојните и нови корисници на платежни картички можат да добијат детални информации во врска со актуелната понуда во експозитурите на Охридска банка, како и на веб-страницата www.ohridskabanka.mk. Каматната стапка на кредитните картички е варијабилна и изнесува 7,45% за VISA и 7,95% за MasterCard® кредитните картички (СВТ од 7,71% до 8,25%) пресметана на 01.07.2014 година за вкупен износ на кредитен лимит до 180.000 МКД и рок на отплата од 20 месеци. Каматната стапка е променлива во согласност со политиката за каматни стапки, но не е повисока од законски дозволената каматна стапка. Месечната провизија кај VISA картичките изнесува од 125 до 280 МКД а кај MasterCard® кредитните картички од 115 до 280 МКД. Останати надоместоци: трошок за меница од 100 до 500 МКД и трошок за одржување на трансакциска сметка 18 МКД месечно. Сите останати трошоци поврзани со користењето на картичките се утврдени со тарифата за физички лица на Охридска банка. Банката ги задржува правата за измени на условите.  

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“