Промоција на три софтвери за подобрување на македонската економија
Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2012 09:56
Како проект на УСАИД, а со цел унапредување на инвестирањето и извозот, денеска ќе бидат промовирани три софтвери и тоа www.konkurentnost.mk, www.ener.gov.мк и интернет порталот за извоз. Овие програми се изработени во соработка и за потребите на МИОА, Министерството за економија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.
Порталот www.konkurentnost.mk - е хостиран од Министерството за економија и треба да овозможи подобар пристап до информации за претставниците на бизнис секторот за сите расположливи мерки за поддршка што ги обезбедува Владата, бидејќи истите ќе бидат организирани на едно место. Информациите на овој портал се однесуваат на имплементација на индустриската политика 2009-2020, како што се: програмите, јавни повици за распределба на средства, објаснувања за процесот за аплицирање, извештаи за дистрибуција на средствата сл. Овој портал се очекува значително да ја подобри транспарентноста и ефикасноста на целокупната имплементација на индустриска политика. Порталот www.ener.gov.mk - е хостиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, главната цел на единствениот националeн електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е да се зголеми вклучување на приватниот сектор и НВО во процесот на креирање на економските политики и законодавството кои влијаат на развојот на бизнисот во Македонија. Овој веб портал трба да придонесе за зголемување на свеста за проценка на влијанието на регулативата и реафирмација на својата улога во формулирање на здрави економски политики и за подобрување на јавно-приватниот дијалог во Македонија. Порталот за извоз е хостиран од страна на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (Инвест Македонија). Овој портал ќе овозможи пристап до пазарни информации, ќе обезбеди ефективни пазарни информации за извозниците, увозниците и општата јавност. Вклучува база на податоци кои може да се пребаруваат по производ или името на компанијата, детали за претстојните саеми и настани, како и информации за извозните сектори во Македонија. Исто така обезбедува пристап до електронски пазари преку кои се поврзуваат странските купувачи со македонски продавачи.Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




