ПРОМОВИРААТ БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ: Aко се заразите ќе добиете 3.000 долари
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Доколку патувате во Узбекистан и се заразите од коронавирусот, ќе добиете парична помош.
Сумата 3.000 долари би требало да ги покрие трошоците за лекување.
Во Узбекистан се уверени дека странските туристи нема да се заразат со коронавирусот во текот на нивната посета на земјата.
Земјата, во која живеат над 33 милиони луѓе, има само 19 смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Државата најави кампања за гарантирано безбедно патување во чии рамки странските туристи ќе добијат 3.000 долари отштета доколку се заразат со коронавирусот додека патуваат во Узбекистан.
Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзиев, ја потпишал уредбата за кампањата оваа недела.
Границите на Узбекистан засега се отворени за земји со мал ризик, како Кина, Израел, Јапонија и Јужна Кореја. Патниците од Европа треба да поминат 14 дена во карантин по пристигнувањето.
Земјите се трудат на различни начини да го амортизираат ударот на пандемијата.
Во Италија, хотели нудат гратис ноќевање, а Јапонија покрива дел од трошоците за патување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.