26 Ноември, 2024
0.0279

Промовирана книгата „Економски политики на Европската Унија“ од Зоран Јолевски

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

На Европскиот универзитет во Скопје  денеска се одржа промоција на книгата „Економски политики на Европската унија“ од проф. д-р Зоран Јолевски. Книгата, во издание на Институтот за стратешки иницијативи и политики, ги опфаќа најважните актуелни економски политики на ЕУ и дава пресек на мерките и инструментите на најновата регулатива во оваа област.

Систематската и сеопфатна анализа на економските политики на ЕУ е од особено значeње како за македонските бизниси, така и за државните институции, во процесот на подготовка за економска интеграција на Македонија во Единствениот пазар на ЕУ. Воедно, книгата може да послужи како одличен универзитетски учебник за академската јавност.

Како што информира Јолевски во оваа публикација особено внимание е посветено на Европскиот зелен план, кој претставува една од клучните политики на актуелната Европска комисија, кој покрај справувањето со климатските промени има за цел да ја зајакне конурентноста на европската економија на светските пазари. Објаснети се амбициозните цели на ЕУ кои треба да се постигнат во намалувањето на емисијата на стакленичките гасови и енергетската транзиција. Воедно, во поединости се објаснети мерките со кои се стимулира дигитализацијата на европската економија, што е еден од најзначајните приоритети за подобрување на продуктивноста на компаниите.

-Книгата ќе придонесе јавноста подобро да ги разбере економските политики на најдлабоката регионална интеграција во светот. Притоа, овој учебник ќе придонесе идните економисти да се стекнат со неопходните знаења за тоа како се креираат, донесуваат и имплементираат мерките и инструментите на политиките на ЕУ во областа на економијата, порача Јолевски.

Тој во книгата нагласува  дека не постои напредок се’ додека децата не се подобри од нивните родители, учениците од нивните учители, младата генерација од постарата.

Книгата ја промовираше поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник во македонското собрание Антонио Милошоски, кој истакна дека оваа книга може да послужи како задолжително четиво за секој млад дипломат бидејќи на јасен начин е претставено како функционира единствениот пазар на ЕУ кој е основата на сите други секторски политики во ЕУ

на промоцијата присуствуваат и проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, проф. д-р Александра Станковска од Факултетот за економски науки при Европскиот Универзитет во Скопје, како и  бројни претставници од академските кругови, бизнисмени, претставници од стопанските комори и други чинители кои учествуваат во креирањето на економските политики во земјава. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР